Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во денешниот телефонски разговор го предупредил својот руски колега Владимир Путин дека Турција „нема да признае било каква мерка што ќе влијае на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, соопшти турското претседателство.
Ердоган, исто така, на рускиот претседател му кажал дека „воениот конфликт нема никому да му донесе ништо добро“, додаде претседателството, без да прецизира колку долго траел разговорот меѓу двајцата лидери.
Путин во понеделникот ги призна двата сепаратистички региона во источна Украина, Доњецк и Луганск, и вчера доби согласност од Парламентот да ја употреби армијата надвор од Русија.
Западот и Украина стравуваат дека Русија подготвува неизбежна инвазија на оваа земја.
Извор: МИА