ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Како членка на НАТО застануваме на страната на Украина, потребен е формат на разговори за прекин на војната

February 24, 2022 19:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ние не учествуваме во креација на проблемот меѓу Русија и Украина, но сме држава членка на НАТО и треба да имаме став. Нашиот став е принципиелен, и застануваме на страната на Украина, смета вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Тој вечерва во гостувањето на ТВ Канал 5, посочи дека поддржуваме дипломатско решение и важно е што поскоро да се направи формат на разговори кои ќе ја прекинат војната.

-Ние отсекогаш сме биле за дипломатско решение и секогаш ќе поддржиме дипломатско решение што поскоро да прекинат борбите, тоа ќе е подобро и за Украина и за Русија, но и за светскиот мир. Мислам дека е важно што поскоро да се направи формат за разговори кои ќе ја прекинат војната бидејќи барем ние на Балканот знаеме што значи војна и знаеме кои се последиците и колку луѓе загинаа во нашиот регион. Ние сме за мир и за мирно решение, додаде Маричиќ.

Тој напомена дека стоиме во солидарност со народот на Украина и како држава подготвени сме да помогнеме во овие тешки моменти.

Потсети дека Владата покрај тоа што денеска на седницата го осуди овој чин на агресија, исто така донесе одлука да се придружи кон сетот на мерки за санкции кон Русија кои што ЕУ ги воведе по инвазијата.

-Сто проценти целосно се усогласивме со заедничката надворешна безбедносна политика на ЕУ по овие одлуки. Овие одлуки подразбираат и таргетирани се санкции кон 27 правни и физички лица, но исто така  и кон поголем број политичари во Русија, а подразбира и замрзнување на нивните сметки, забрана за патување итн, додаде Маричиќ.

Тој напомена дека наша определба е, бидејќи сме НАТО членка која го почитува територијалниот интегритет на Украина и дава поддршка, да ги следиме и да се координираме со одлуките на Алијансата, но планираме да ги следиме и наредните чекори кои ЕУ ќе ги преземе кон овој конфликт.

-Ние не сме неутрални, ние сме држава членка на НАТО и избор на секоја држава е како ќе се определи во својата надворешна политика. Несоодветно е да се почнува таква брутална војна во 21 век на тлото на Европа, тоа може да има сериозни импликации и последици и за државите околу, додаде вицепремиерот за европски прашања.

Тој смета дека поголеми ќе бидат последиците кон и за Русија, а и ние, како што рече, правиме анализи кои би биле следните чекори во овој дел.

Во однос на паралела со Косово и Србија, Маричиќ смета дека не може да се прави таква споредба, бидјеќи според него, таквите паралели припаѓаат на антизападната пропаганда.

– Мислам дека нема потреба да заземаме поинакви позииции кои се поразлични од нашиот интерес. Ние сме го признале Косово и сите чекори на нашаат земја се во таа насока, за нас треба да бдие тема како ние да си ги оствариме нашите интереси, рече Маричиќ.

извор: МИА

Next Post

Џонсон: Путин никогаш нема да ја исчисти крвта на Украина од неговите раце

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk