ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Нема веќе ладно, туку само студено, штекерот е приклучок, а вревата – бучава: Под лупа сите учебници во основно и во средно

Од МОН додаваат дека добиле забелешки од наставници во однос на стручни, методолошки и технички недостатоци, но и пропусти во преводот и адаптацијата.

January 9, 2020 16:06
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука, заедно со Педагошката служба периодов ги ревидира сите учебници во основното и средното образование, вклучително и учебникот по социологија за кој имаше реакции во јавноста заради дел од содржината, информираат оттаму, пишува Мета.


– Планот за ревизија на учебниците опфаќа проверка на содржината на сите учебници кои се применуваат во основното и средното образование, со приоритетен фокус на учебниците во средното образование кои се одобрени во периодот од 2001 до 2006 година, како најстари учебници што се применуваат во училиштата. Меѓу нив и учебникот по социологија за втора година кој беше предмет на повеќе медиумски написи во изминатиот период. Овој процес се спроведува и ќе се спроведува етапно, имајќи го предвид бројот на учебници кои се применуваат во нашиот образовен систем на сите нивоа – информираат во МОН.

Оттаму додаваат дека добиле забелешки од наставници во однос на стручни, методолошки и технички недостатоци, но и пропусти во преводот и адаптацијата.

– Формиравме комисии кои работат на менување на содржината. Еве примери за корекции: Заменети термини „приметувате“ со „забележувате“, „ладно“ во „студено“, „штекер“ во „приклучок“, „врева“ во „бучава“. Променет е редоследот на одредени лекции, на пример во учебниците по биологија. Некои зборови се заменети со соодветни во дадена реченица, на пример „силикон“ е заменето со „силициум“ – појаснуваат во Министерството.

Пред две години, беа коригирани и испечатени вкупно 22 учебници за основното образование, меѓу кои по предметот математика од прво до деветто одделение, природни науки од прво до шесто одделение, биологија од седмо до деветто одделение, хемија од осмо до деветто одделение и физика од осмо до деветто одделение.

Во врска со тоа, како постапува министерството кога ќе добие забелешка за содржина на учебник, оттаму потсетуваат дека лани Владата иницираше, а Собранието усвои измени во Законот за учебници во основното и средното образование, кои овозможија интервенции во најмногу до 30 отсто од содржината на учебниците, преку две опции – ова да се направи на иницијатива на Педагошката служба со доставување на барање до издавачите и авторите да предложат исправки и дополнувања и втората, самите издавачи, односно автори да предложат соодветни корекции и дополнувања. Потоа за тие предложени корекции, Министерството за образование и наука и Педагошката служба објавуваат јавни повици за формирање на соодветни стручни комисии за утврдување дали предложените измени на учебниците се во согласност со наставната програма и не претставуваат измена на повеќе од 30 отсто од содржината на учебникот.

– Ако се добие позитивен заклучок, учебникот се печати. Во меѓувреме, постојниот учебник може да биде повлечен од употреба со решение на министер или да продолжи да се применува со упатство од Бирото за развој на образованието или Центарот за средно стручно образование за како да се предава одреден дел од наставната материја, за која учебникот се утврдило дека не е соодветен – додаваат во МОН.

Учебници кои се веќе одобрени и кои ќе се печатат и дистрибуират за прв пат во оваа учебна година се по предметите работа со компјутер и основи на програмирање, иновации, српски јазик за шесто и за седмо одделение, турски јазик за 9 одделение, јазик и култура на Бошњаците за трето, четвто и за петто одделение, како и јазик и култура на Власите за седмо и за осмо одделение и јазик и култура на Бошњаците за седмо одделение.

Next Post
Дејвид Боуви фото: Зоран Кардула

(ФОТО галерија) Постери со Дејвид Боуви од Зоран Кардула

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk