Украинскиот претседател Володимир Зеленски „дефинитивно нема да биде дел од делегацијата во преговорите со Русија“. Тоа го изјави амбасадорката на Украина во САД, Оксана Маркарова.
Таа за Си-Ен-Ен изјави дека украинскиот претседател останува да ја „брани земјата“, го повика рускиот претседател да ја прекине војната и рече дека Украина ќе испрати делегација на преговорите.
Во меѓувреме се огласи и Зеленски кој рече дека не се надева на успешни преговири, но дека вреди да се проба.
„Искрено, не се надевам дека разговорите ќе бидат корисни, но да пробаме, за да нема ниту еден Украинец кој ќе се сомнева дека јас, претседателот, не сум се обидел да ја сопрам војната, дури и ако шансие за тоа се мали“, рече Зеленски во најновото обраќање до јавноста.





