ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Резников: Гранатирање на породилишта со ракетни фрлачи со повеќе цевки, ова е кукавичко однесување на оние кои немаат чест

March 2, 2022 09:37
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Воздушни и ракетни напади од териториите на Русија и Белорусија врз станбени згради и училишта, гранатирање на породилишта со ракетни фрлачи со повеќе цевки  – ова е кукавичко однесување на оние кои немаат чест. Овие не се војници – ова се терористи, претставници на терористичка држава. И овој жиг ќе ги следи долго време, изјави Министерот за одбрана на Украина, Олексиј Резников.

Изјавата на Резников Ви ја пренесуваме интегрално:

„147 часа одбрана.

Природата на настаните се менува. Руските окупатори се обидуваат барем некако да ја одржат борбената ефикасност на своите единици. Но, се помалку и помалку им успева.

За тоа сведочат постојаните факти за заробување на групи руски војници и офицери. Како и одбивање да се продолжи офанзивата.

Во Русија роднините на заробениците и жртвите почнуваат да излегуваат на протести. Во тоталните лаги на руската пропаганда се појавуваат пукнатини.

Непријателот се исплаши од директен контакт со украинските бранители и бранителки. Затоа, тој се сврте кон криминалната тактика на далечинско гранатирање на мирни градови.

Воздушни и ракетни напади од териториите на Русија и Белорусија врз станбени згради и училишта, гранатирање на породилишта со ракетни фрлачи со повеќе цевки  – ова е кукавичко однесување на оние кои немаат чест. Овие не се војници – ова се терористи, претставници на терористичка држава. И овој жиг ќе ги следи долго време.

Непријателот подло пукаше врз мирниот Житомир. Ова е обид да се одмаздат за успешното извршување на задачата од страна на 95-та бригада на Операцијата за обединети сили. Окупаторите целат кон касарната на бригадата и кон околните куќи.

Напаѓајќи ги жените и децата на нашите војници, Кремљ воопшто нема да го постигне резултатот кон кој се стреми.

Многу од нашите градови и села сега страдаат од рускиот терор, но речиси најмногу – Харкив, Мариупол и Херсон.

Ова е уште еден доказ за тоа дека не постои „руски мир“. Има нацистичка идеологија во главата на неколку манијаци кои во овој момент ја држат власта во Русија.

А има и украински граѓани кои зборуваат различни јазици, одат во различни цркви и богослужби, заедно даваат херојски отпор на руските окупатори.

И ние сигурно ќе победиме!

Вчера имав долг разговор со министерот за одбрана на САД Лојд Остин. Дури и искусните американски војници се воодушевени од професионалноста на нашите бранители и од издржливоста на нашиот народ.

Количината на помош што ја добиваме се зголемува. Се зголемува бројот на земји кои ја обезбедуваат оваа помош. Се приклучуваат дури и оние за кои се сметаше дека е невозможно.‼ ️‼ Нови Бајрактари веќе пристигнаа во Украина и се на борбена должност. Ќе има уште стингери и џавелини.

Европа станува наша позадина и го доставува она што е критично за одбраната. Ние сме во првите редови на слободниот свет.

Се гордеам со сите што денес го бранат својот дом од руската инвазија.

Ја наведнувам главата пред оние кои ги дадоа своите животи.

По победата, ќе му оддадеме почит на нивниот спомен, така, за со векови подоцна Украинците да ги почитуваат хероите на Гостомел, КХрсон, Чернигив, Суми, Шчастја, Волноваха, Харков, Мариупол, Охтирка и други градови, како што ги почитуваме нашите херојски предци, почнувајќи од летописните кнезови.“

Next Post

EK директива за заштита на оние што ја напуштаат Украина: Сите кои бегаат од бомбите на Путин се добредојдени во Европа

Shortcut

Најново

Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk