ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Бог да бие кој прв почна…

March 2, 2022 14:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ

Во секоја братоубиствена војна се јавуваат најмалку две страни кои ги полнат навивачките трибини, небаре станува збор за фудбалски натпревар, па едните извикуваат УРА за своите обележани со „Z“, другите два пати УРА за исто така своите обележани со „V“. И на трибините почнува да владее поделеноста. И едните и другите кои пренесуваат вести од фронтот каде „браќата“ пролеваат крв се индиректни соучесници во крвавиот чин. И за едните и за другите битно е да пренесат колку покрволочни се другите во однос на првите, се радуваат на поголемиот број загинати од другите, во однос на првите. Еве кои се Украинците, велат навивачите на Русите, од едната страна, прикажувајќи видеа и фотографии со фашистички знамиња, односно, со непрекинато ракетирање на цивилни објекти, од другата страна, и повредени и загинати деца. Се натпреваруваат со пролеаната крв. Изгубеност, забеганост, идиотизам. И кај едните и кај другите навивачи.

Најстрашниот момент е оној, кој, на агресорот, на напаѓачот му дава охрабрување и подршка за војната која ја предизвикал. Имал аргументи, погледнете го видеото, велат подржувачите на агресијата, видете и слушнете убаво што вели Путин какви му се оправдувањата за одлука да пролее братска и своја крв во обраќањето кон рускиот народ, разберете дека човекот не можел повеќе да чека, дека му се заканувала опасност од приближувањето на непријателски воени сили до неговата граница како директна закана кон руската нација и бришење на истите од картата на светот. Аргументи у пичку матер, да се најежиш. И воено дејствува, напаѓа немилосрдно од сите страни, ја пролева првата крв, и добива поддршка, замислете, за воениот напад врз братска независна држава за намерно и со умисла спроведената војна.

Другиве се принудени да се бранат со оружје, ама, не им личи бре, навивањето за тоа, кој повеќе убил во самоодбраната, кој повеќе крв пролеал, монтирани снимки од лажни паники, од лажни сцени за крвопролевање, за тоа кој е порасипан и понемилосрден во убивањето. Бљак.

И Путин и Зеленски знаат дека и после 30 години напади и одбрана, дури и после 50 години пролевање крв, ова ќе заврши со договор на маса. Ќе заврши со разговор. Тоа што нема брзо да се избрише, се трагите од пролеаната крв. И тука мора да се разбереме, воопшто не е важна мудроста за јајцето и кокошката. Тоа што ќе остане запишано, е.

Бог да бие кој прв почна…


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот
Next Post
Апостол Симовски, Директор на ДЗС (фото: МИА)

Симовски: Резултатите од Пописот кон крајот на март, нема простор за сомнеж во податоците

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk