ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Тупанчески: Од денес онлајн судењата стануваат реалност и за македонското судство

March 2, 2022 17:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Никола Тупанчески беше дел од денешниот промотивен настан „Отпочнување на процесот на инсталирање ИКТ опрема во пет основни судови како дел од Оперативниот план за дигитализација на правосудството“, на којшто заедно со Шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која, имаа воведни обраќања во кои дадоа свои видувања за овој голем чекор напред којшто го прави македонското судство.

–Онлајн судењата се нова реалност во најразвиените судски системи, каде што во постапките во кои странката, без разлика дали е сведок, вештак или обвинет, не може физички да биде присутна во судницата, сепак може да се одржи судење. Ова е многу поволно во однос на навременоста и ефикасноста на судовите. Од денес онлајн судењата стануваат реалност и за македонскиот судски систем, кажа министерот Тупанчески.

Тупанчески истакна дека покрај судниците во Основниот суд Кавадарци опремени се и останатите пилот основни судови, во Струмица, Штип и скопскиот Кривичен и Граѓански суд, и тоа постепено согласно динамиката на судовите, на начин да не се попречи работата на истите.

Министерот ја нагласи дигитализацијата на судството како еден од важните чекори во реформата на системот, особено во зголемување на ефикасноста и транспарентноста.

– Во вистинско време покажавме силна политичка волја, заложба за реформирање на правосудниот систем и желба за враќање на довербата на граѓаните кон државните институциите, отпочнувајќи со еден комплексен и долгорочен процес кој има огромен потенцијал за понатамошно олеснување и подобрување на пристапот до правдата за граѓаните низ цел регион, што од круцијално значење, особено на патот кон евроинтеграциите, рече министерот Тупанчески.

Тупанчески ја потенцираше успешноста во реализирањето на активностите на ИКТ Советот, предвидени во оперативниот план, велејќи дека беспрекорно веќе функционираат дигиталните услуги за издавање уверенија и потврди од прекршочната и кривичната евиденција, најави дека следната недела ќе се потпишат, меѓуинституционално, договори за овозможување електронска размена на податоци и документи и тоа помеѓу клучните државни институции меѓу кои: Министерство за внатрешни работи, Државната комисија за спречување корупција, Државната изборна комисија, Централен регистар и Управата за финансиска полиција.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во земјава Која рече дека главниот фокус на процесот на дигитализација во правосудството мора да останат гаранциите за правото на јавно и правично судење во разумен рок, како и почитувањето на пресумпцијата на невиност и заштитата на приватноста. Амбасадорот Која на настанот потврди дека Мисијата, е долгогодишен и близок партнер на македонското правосудство, обезбедувајќи поддршка на повеќе нивоа.

Министерот за правда Тупанчески им се заблагодари на меѓународните партнери, САД, ОБСЕ и Норвешката Владата, за поддршката во спроведувањето на овој сложен и обемен процес, како и на членовите на ИКТ Советот за напорите кои ги даваат за побрзо ефектуирање на целокупниот процес на дигитализација.

Настанот беше во организација на Министерството за правда во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Здружението за кривично право и криминологија.

 

Next Post

Украина повикува на приклучување кон Меѓународната легија

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk