ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Граѓаните да бидат спокојни, не се очекува ценовен шок

March 2, 2022 19:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната прес-конференција, која се одржа веднаш по завршувањето на редовната 19-та Владина седница информираа за донесените заклучоци и одлуки, одговарајќи и на прашања од интерес на јавноста и медиумите.

Во контекст на последните случувања поврзани со Украина, портпаролите информираа дека Владата ја усвои Информацијата за состојбата со граѓаните на нашата држава во Украина и потребата за преземање мерки за прифаќање на украински државјани кои се приморани да ја напуштат својата држава, на предлогот на Министерството за надворешни работи.

Согласно одлуката на Владата, ресорните државни институции на Северна Македонија се задолжуваат во најскоро време да достават информации за расположливите државни сместувачки капацитети, со цел подготвеност за евентуална бегалска криза.

Се прави анализа на сместувачките капацитети каде што евентуално би биле сместени луѓето, а Министерството за надворешни работи, според портпаролите информираше и за понудена и помош од здравствен аспект, единици крв и сето останато што секако ќе го побара украинската Влада натаму.

Дополнително, на украинските државјани кои се затекнати во Северна Македонија и заради безбедносната состојба не се во можност да се вратат во Украина, ќе им се овозможи продолжување на престојот во земјава, додека за тие кои што ќе бидат приморани да ја напуштат својата држава, нашите институции ќе обезбедат олеснет влез, што подразбира немање обврска за поседување негативен ПЦР тест за КОВИД-19, при влез во Северна Македонија поради хуманитарни причини.

На новинарско прашање, портпаролите истакнаа дека апсолутно јасно да се оцени она што се случува во Украина со пораката дека Северна Македонија силно го осудува чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина. Оваа воена агресија е несомнено кршење на меѓународното право и е закана на евроатланската безбедност. За ова треба да бидат сите свесни и така и да се однесуваат.

Информирајќи за актуелните настани, портпаролите истакнаа дека  Владата на Република Северна Македонија и државните институции ја следат состојбата на дневна состојба во земјата и ги преземаат сите мерки за да се зачува стандардот на граѓаните.

„Граѓаните да бидат спокојни, бидејќи не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи. Како држава имаме задоволителна количина на прехранбени производи и нафтени деривати во стоковите резерви. Владата, во континуитет ги разгледува и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви, доколку има потреба од такво нешто“, беше речено на прес-конференцијата.

Денешната прес-конференција, портпаролите ја искористија да го повторат апелот до трговците да ја почитуваат владината одлука за трговските маржи, оценувајќи дека оваа одлука е во интерес на сите граѓани.

Владата на денешната седница ја донесе и Националната стратегија за интегрирано  гранично управување 2021-2025. Националната стратегија и соодветниот Акциски план за нејзина имплементација се усогласени со постоечката национална стратешка рамка и основните стратешки документи со акцент на програмата за работа на владата 2021-2024 година и во функција на исполнување на планираните активности во рамки на процесот на пристапување кон Европската Унија како стратешки приоритет на Владата.

Главната цел на Стратегијата е постигнување на безбедни и отворени граници за брз и безбеден проток на патници и стоки и за ефикасно сузбивање на илегалните прекугранични активности до ниво кое нема да претставува закана за граничната безбедност и за сигурноста на граѓаните.

Портпаролите информираа и за донесениот заклучок со кој го прогласи „Куршумли ан“ во Скопје за културно наследство од особено значење. Со ова, на предлог на Управата за заштита на културното наследство се овозможува трајно зачувување на анот во изворна состојба, ширење на вредностите и неговото значење.

На прашање на новинарите, дали на Владината седница се разгледуваше препорака на Комисијата за заразни болести за продолжување на важноста на сертификатот за прележаност на КОВИД-19 од 45 дена на 180 дена, беше одговорено дека на денешната седница не се расправање за истото бидејќи препораките од Комисијата треба да се разгледаат на оперативниот, Главен кризен штаб кој треба да заседава наредните денови и записникот од Кризниот штаб треба да помине на Владина седница, за што јавноста ќе биде благовремено информирана.

 

Next Post

Маричиќ: Владата прави сè што е во нејзина моќ да ги ублажи евентуалните последици од санкциите кон Русија

НАЈНОВО

Извештај на ЕК за Северна Македонија: Постигнат значителен напредок, но се потребни интензивни напори за владеење на правото

November 3, 2025
Скриншот

Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија

November 3, 2025
Скриншот

Хамилтон: Не можеш да работиш секој час од твојот живот, инаку ќе бидеш несреќен

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk