ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Маричиќ: Владата прави сè што е во нејзина моќ да ги ублажи евентуалните последици од санкциите кон Русија

March 2, 2022 20:00
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Секој воен конфликт на тлото на Европа не е добра вест за нас. Ние затоа во таа смисла и ја осудивме агресијата на Русија, бидејќи сосема без основа и без причина беше извршен овој напад и агресија врз Украина. Го почитуваме територијалниот интегритет на Украина и независноста. Како членка на НАТО, помагаме преку тие структури толку колку што се нашите можности и обврски. Но тоа воедно ни дава една безбедност и сигурност дека, како членка на НАТО, нема да трпиме такви последици какви што би имале кога не би биле членка на НАТО.

Ова го кажа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервјуто за Фронтлајн, во врска со руската агресија во Украина и како тоа ќе се одрази врз безбедносната и економската состојба во нашата држава.

Тој рече дека нашата држава целосно се усогласува и со санкциите кои што Европската Унија ги воведе на Украина, таргетираните санкции кон определени физички и правни лица, и сметам, рече Маричиќ дека тоа е правилната политика.

„Ние не учествуваме во креирање на овој конфликт, немаме  никаква улога во тоа, но кога е тој веќе тука, а ние сме членка на НАТО и кандидат за Европска Унија, должни сме да имаме став и должни сме да помогнеме во оваа криза толку колку што ние можеме. Владата прави сè што е во нејзина моќ да ги ублажи евентуалните последици. Ние знаеме дека дел од оваа криза влијае и на цените на многу ресурси. Владата и до сега вложи многу средства и напори за енергетската ситуација да биде стабилна, да има постојано снабдување и со греење, топлинска енергија и со електрична енергија. И во тоа успеавме и секако ќе продолжиме да правиме напори што помалку последици да има за секојдневниот живот на граѓаните. Сметам дека ќе успееме во тоа и успеваме“, потенцира Маричиќ.

Одговараќи на прашањето дали земјата е подготвена за нови санкции кон Русија и кој може да биде одговорот од Русија, тој истакна дека ние ги прифативме санкциите кои до сега ги донесоа државите членки на ЕУ и европските институции. Тоа се, пред сè, таргетирани санкции кон определени физички и правни лица заради нивните активности или дел од политичкиот естаблишмент на Русија, но и компании и луѓе кои што ја помагаат оваа агресија на Русија, рече Маричиќ.

Издвои дека Северна Македонија веќе го забрани прелетот на руски авиони преку македонскиот воздушен простор, и за сите наредни чекори, како што нагласи, ќе се координираме со нашите партнери, нема да направиме ништо повеќе од тоа но и ништо помалку бидејќи сметаме дека е тоа принципиелен став како членка на НАТО.

„Не е ова наша војна, не е војна во која ние учествуваме, но сепак, се случува на тлото на Европа и ние сме должни да имаме став и да придонесеме во помошта за Украина“, потенцира вицепремиерот Маричиќ.

Целото интервју со вицепремиерот Маричиќ:

Маричиќ: ЕУ интеграцијата е висок приоритет, „Отворен Балкан“ останува отворен за сите, членството во НАТО е гаранција за нашата безбедност

Next Post

Вучиќ: На барање на Северна Македонија ќе испорачаме 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk