ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Вакцинирање на луѓето од ризичните групи, препорака за влез во моловите без сертификат

March 3, 2022 09:00
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

За да се подигне имунитетот на популацијата, што би било основа и за натамошно релаксирање на мерките, почнува кампања за вакцинирање на луѓето од ризичните групи. Комисијата за заразни болести вчера информираше дека ним ќе им бидат закажани термини доколку не се целосно вакцинарани или немаат примено засилувачка (бустер) доза.

Ризичните групи граѓани – лицата над 65 години со коморбидитети или помлади од 65 со повеќе коморбидитети, со СМС-порака ќе бидат известени дека во одреден термин треба да го посетат пунктот за да бидат вакцинирани.

Според податоците добиени од „Мој термин“,  во ризична група спаѓаат 260 000 граѓани. Половината од нив, како што информираше вчера Комисијата, или примиле една доза или не примиле ниту една, а другата половина, односно 130 000, немаат примено бустер доза.

Од Комисијата за заразни болести вчера соопштија дека фокусот ќе биде на вакцинирање на ризичните групи зашто основа за релаксирање на мерките е, пред сѐ, вакцинацијата, која кај нас е на многу ниско ниво – целосно е вакцинирано 41 процент од населението.

Серолошката анализа на 920 примероци покажала дека има солиден имунитет врз основа на вакцинација, според првичните податоци од истражувањето за имунитетот на населението што го спроведе Комисијата.

– Над 85 отсто од вакцинираните индивидуи имаат некаков имунитет кон КОВИД-19. Не можеме да зборуваме за ефикасноста, но можеме да го детектираме дека постои. Од тие 920, околу 170 индивидуи беа невакцинирани и кај нив се сретнува над 70 проценти серопозитивност, односно и таму имаме солиден просек на имунитет, информираше вчера д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Параметрите од скринингот и колку тие реално би можеле да бидат применети за олабавување на рестрикциите, рече тој на прес-конференција, ќе ги разгледуваат на следниот состанок на Комисијата.

На вчерашниот состанок Комисијата препорача укинување на сертификатите кои се задолжителни за влез во моловите, односно онаму каде што не е задолжително носење маски.

– Донесовме еден заклучок, а тоа е да се препорача укинување на сертификатите задолжителни за присуство на моловите, односно каде не е задолжително носење маски. Ова е еден чекор во насока на олеснување на рестрикциите, но секако за следниот развој ќе бидеме многу внимателни, бидејќи не сакаме со нагло отфрлање на сите мерки да постигнеме неочекувани резултати, рече Петличковски.

На состанокот вчера не било дискутирано за укинување на мерката носење заштитни маски во училиштата. Според портпаролот на Комсијата, д-р Злате Мехмедовиќ, скринингот во училиштата покажал дека состојбата е стабилна и би имало потреба од нов скрининг доколку се укине мерката.

 

–Скринингот покажа дека 0,8 проценти е трансмисијата помеѓу оние ученици коишто се избрани по случаен избор. Не е направен скрининг без маски во училиште. Ако се случи укинување на маските, тогаш би требало да направиме веројатно нов скрининг и да се следи ситуацијата каква би била трансмисија на вирусот доколку имаме такви нови околности, рече Мехмедовиќ.

Препораката на Комисијата за заразни болести од претходниот состанок – да биде продолжена важноста на сертификатот за прележаност на КОВИД-19 од 45 на 180 дена, не била разгледувана на вчерашната седница на Владата.

Владиниот портпарол Муамет Хоџа на прес-конференција рече дека на седницата не се расправало за тоа бидејќи препораките и предлозите од Комисијата за заразни болести треба прво да се разгледаат на Оперативниот кризен главен штаб кој треба да заседава во наредните денови.

Во вчерашната КОВИД-статистика беа регистрирани 457 новозаразени од 2730 тестови,  од нив 74 се реинфекции. Починаа шест лица во последните 24 часа, а 447 се оздравени. Активни случи во земјава има 3.252, од кои 1.773 се во Скопје. Над сто активни случаи имаат Битола – 177, Прилеп – 153, Куманово – 143, Велес – 136 и Кавадарци – 128. /МИА/.

Next Post

Членка на мисијата на ОБСЕ во Украина загинала во бомбардирањето на Харков

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk