Руските окупатори се исплашија од срамен пораз и почнаа да вршат злосторства против човештвото. Тие гранатираат болници, убиваат жени и деца. Ова веќе не е армија, тоа се обични кукавици и терористи, изјави Министерот за одбрана на Украина, Олексиј Резников.
Изјавата на Резников Ви ја пренесуваме интегрално:
„Почитувани Украинци!
Порано не ни размислував колку часа има во една недела?
Се испостави – 168.
168 часа. Украина веќе цела недела им дава отпор на руските окупатори.
Никој. Сфатете го ова. Никој. Ниту во Русија ниту на Запад не веруваше дека ќе издржиме една недела.
Единствените што веруваа бевме ние. До 24 февруари, две третини од Украинците беа убедени дека во случај на руска инвазија од големи размери, ќе издржиме.
Денес тој број изнесува речиси 90%.
Ова е резултат на херојството на нашите бранители и бранителки. Ова е резултат на професионалните активности на нашите командири.
Ова е самопосветеноста на секој од вас.
Нашите лекари, спасувачи, комуналци, железничари, новинари, финансиери го држат својот фронт. Земјата не застанала и се бори.
Би сакал лично да ги истакнам шефовите на воените и цивилните администрации и градоначалниците кои денес се во првите редови на одбранбената линија. Чернигив, Суми, Конотоп, Харков, Мариупол, Херсон, Миколајив се тврдините на Европа.
Нашата армија веќе уништи илјадници окупатори. И толку многу непријателска опрема што би било можно да се вооружат армиите на неколку земји.
Можностите на нашите Вооружени Сили растат, помошта доаѓа. Борците од Територијалната одбрана се покажаа брилијантно во многу области.
Нашите воздушни асови веќе станаа легенди. Падобранци, пешадија, артилерија – сите докажуваат дека Украинците се најдобри.
Вчера ги повикав граѓаните на целосен отпор. Треба да ги уништиме комуникациите на непријателот. Тоа се метастазите што тој се обидува да ги прошири низ нашата земја.
Руските окупатори се исплашија од срамен пораз и почнаа да вршат злосторства против човештвото. Тие гранатираат болници, убиваат жени и деца. Ова веќе не е армија – тоа се обични кукавици и терористи.
Пред нас имаме уште многу предизвици. Ќе има крв, солзи, болка.
Но сега, повеќе од кога било, ги имаме сите причини да бидеме сигурни во себе. И во оние кои се покрај нас.
Сигурно ќе победиме. Слава на Украина!“







