ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Ципрас: Без Договорот од Преспа на северната граница ќе ги имавме Турција и Русија

March 4, 2022 11:59
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Да не беше Договорот од Преспа, на северната граница Грција сега ќе ги имаше Русија и Турција, на север ќе имавме Либија, истакна лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервју за грчката телевизија „Антена“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, поранешниот грчки премиер го повтори неговиот став дека со решението на спорот запрело влијанието на други земји.

– Замислете денес што ќе имавме на нашата северна граница, ако не го склучевме овој Договор. Не само што Грција немаше да биде таа која ќе има земја сојузник за да го надгледува воздушниот простор со грчките воени авиони, туку ќе ги имавме и Турција и Русија на нашата северна граница. Ова ќе го имавме. Ќе имавме Либија на нашата северна граница. И да видам колку ќе беше лесно да правиме потези во рамките на неопходното, па дури и прекумерни потези, ако ја имавме Русија на нашата северна граница, истакна Ципрас.

Одговарајќи, на како што рече, сегашните критики од Нова демократија за поврзаност со Русија, Ципрас се осврна на периодот кога беше премиер и истакна дека иако три пати беше во официјална посета на Русија, а рускиот претседател ја посети Грција и постоел отворен дијалог со Москва, сепак биле протерани руски дипломати и граѓани во врска со Договорот од Преспа.

– Кога грчките служби ми дадоа податоци дека постои интервенција во земјата од руски дипломати, бизнисмени или граѓани во врска со Договорот од Преспа за поттикнување протести во земјата, не се двоумев тогаш да ги протерам, да ги протераме овие граѓани и дипломатите. Потег, за кој тогаш Нова демократија, која денес не критикува, тогаш беше исклучително воздржана и ни велеше не ја мешајте надворешната политика, Русија е многу важна земја за да се судрите, нема врска со Договорот од Преспа, рече Ципрас.

Во однос политиката што ја води актуелната грчка Влада за ситуацијата во Украина, лидерот на СИРИЗА рече дека земјата мора да има јасна позиција, а не да биде неутрална, кога постои инвазија и прекршување на меѓународното право и упати критики за одлуката да се испрати воен материјал.

– Сметам дека е огромна грешка и несериозност на премиерот фактот што побрза со доставување воен материјал во Украина, а можеше да биде, не материјал за битка, туку за зајакнување на хуманитарната помош, на воените болници, било што друго. Побрза, нашата земја, од земја инволвирана во мирот, да се инволвира во војна. Ова е погрешно, објасни лидерот на СИРИЗА.

Извор: МИА

Next Post

Кој е на погрешната страна на историјата?

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk