ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Кој е на погрешната страна на историјата?

March 4, 2022 12:16
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ

Ајде да разговараме и за осумгодишната војна во Донбас и руското барање за „денацификација“ на Украина.

Вистина е дека ова што се случува во Украина не започна пред осум дена, туку пред осум години. Тогаш почна путиновта воена агресија против Украина и информациска војна со целиот демократски свет.

Пред осум години, Путин нон-шалантно си го анексираше Крим. Наводно, било стара руска територија, неправедно одземена од Русите и дадена на Украинците од другарот Ленин. Не навлегувам во „праведноста“ на распределувањето на териториите во поранешниот СССР, туку само наведувам дека Путин, сам се реши со тенкови да менува граници во Европа во 21 век, врз основа на „неправдини“ од пред седумдесет и кусур години.

Истовремено, Путин испрати руски вооружени сили во поддршка на руските сепаратисти во Донецк и Луханск, кои заедно се дел од областа Донбас. Овие чекори на Путин, драстично ја загрозија безбедносната состојба во Европа и предизвикаа страв кај Украинците од можна целосна руска инвазија во нивната држава (страв, кој осум години подоцна, и тоа како гледаме дека бил издржан). Ова всушност, ги поттикна украинските аспирации кон НАТО, нешто кое Путин го користи како еден од главните аргументи за неговата „специјализирана воена операција“.

Со тоа почна граѓанската војна во Донбас, а руските сепаратисти никогаш не успеаа да одржат контрола на повеќе од една третина од Донецк и Луханск (кои заедно го сочинуваат поголемиот дел на Донбас). Во овие области, „сосема случајно“ се наоѓаат најголемите украински (и европски) наоѓалишта на природен гас, нафта и нафтени шкрилци. Низ текот на војната, овие наоѓалишта останаа надвор од територијата под контрола на руските сепаратисти. Но затоа, во тероторијата под нивна контрола има богати рудници, кои по започнувањето на војната веднаш беа дадени на ископување на руски компании.

Оваа војна однесе повеќе од 16.000 жртви и најголемиот дел се од страната на руските сепаратисти. Но, секогаш кога украинските сили ќе се приближеа до воспоставување контрола врз своите територии, Путин праќаше руски вооружени сили во нивна поддршка, повторно враќајќи ги работите на почеток.

Западот во два наврати се обиде да посредува во прекин на огнот, во 2014 и 2015, со Договорите од Минск. Минск 1 беше прекршен еднострано од страна на Русите, а Минск 2 воопшто не започна да се имплементира, повторно поради Русите.

Ова значи дека сега, Путин иде во „одбрана“ на руското население на една третина од Донецк и Луханск. Поради таа една третина, тој им признава независност на целите територии со се нафтата и гасот. Поради „независноста“ на тие територии, тој врши инвазија врз цела Украина. Путин сам креира и одржува криза низ осум години, за потоа да може да глуми „ослободител“.

И навистина, ова би требало да биде се’ што е потребно за да сфатиме кој е на погрешната страна на историјата. Но, тоа очигледно не е доволно за путинските мегафончиња во Македонија, па затоа ајде да поразговараме и за „денацификацијата“ на државата управувана од еврејски Претседател.

Во почетните години од војната, во Донбас оперираше нацистичката група Азов. Оваа група застапуваше отворено нацистичка реторика, а ништо подобри не и беа ниту тактиките на војување. Оваа група не дејствуваше координирано со вооружените сили на Украина и беше мета на постојани критики од официјален Киев. Подоцна, најголемиот дел од членовите на оваа група беа апсорбирани и ставени под контрола на украинските вооружени сили, од кога им се менува начинот на постапување и стануваат подложни на украинскиот, државен синџир на команда со вооружените сили, односно немаат слобода сами да превземаат воени акции по нивен терк. Но без разлика на ова, фотографиите и акциите на Азоф уште долги години се користат во секоја можна прилика од страна на руските канали на пропаганда, со цел да се изедначат нивните дејствија со оние на официјалните украински вооружени сили.

По ова, се формираше неонацистичкиот и крајно десничарски Обединет фронт (политичкото крило на Азов). На изборите во Украина, Обединетиот фронт свои само 2,15% од гласовите. За илустрација, тоа е помалку од процентот на гласови кој неонацистичките движења и крајно десничарски партии ги имаат освоено во речиси сите држави членки на ЕУ. Па дури и нашиве нацисти од Левица, на изборите во 2020 освоија 4,1% од гласовите.

Тоа значи дека Левица имаат поголемо влијание на официјалните позиции на Северна Македонија, од што украинските нацисти имаат врз оние на Украина.

Тоа значи дека инвазијата на Русија поради „нацизмот“ на Азоф и Обединет фронт е помалку оправдан и од ветото на Бугарија поради говорот на омраза на Левица. Иако, гледано од денешнна точка, се повеќе се чини дека дејствијата и на Каракачанов од една и на Апасиев од друга страна, иако спротивни – се управувани од еден и единствен центар на моќ, на кого ужасно не му одговара тоа што Македонија е членка на НАТО и сака да биде дел од ЕУ.


Текстот е личен став на Авторот
Next Post

Згаснува „РТ Америка“ по низа финансиски удари

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk