Војчех Бакун, градоначалник на полски град кој граничи со Украина, јавно го критикува Матео Салвини, лидерот на италијанската десничарска партија Лига, на заедничка прес-конференција, нудејќи му да го однесе до границата и до бегалскиот центар за да види, како што вели, што направил неговиот пријател Путин.
Во еден момент, градоначалникот вади маица на која се гледа ликот на Владимир Путин и зборовите: „Руска армија“. Маичката беше слична на онаа што Салвини ја носеше јавно во минатото.
Бакун на крајот на англиски јазик му порача на Салвини: „Нема почит за тебе“.
Ј. Ѓ.






