Неуспехот на рускиот блицкриг има име. Тоа е Виктор Медведчук, пишува Гордонуа.ком.
Рускиот претседател Владимир Путин потроши најмалку милијарда долари за финансирање на проектите на Медведчук. Тој уверуваше дека ние го сакаме Путин и ја чекаме неговата војска, дека Украинците веќе купуваат цвеќе за руските војници.
Медведчук со парите што ги добил си купил јахти и водел луксузен живот. И тој го излажа Путин, па Кремљ ја потцени силата на нашиот отпор.
Медведчук е “херојот“ на Украина!
На 21 февруари 2022 година, голем број полицајци пристигнаа во куќата на Медведчук во Киев, каде што народниот пратеник со судска одлука мора да биде во домашен притвор до 10 март 2022 година. Новинарот на Bihus.info, Денис Бигус, напиша дека „постои чувство дека главниот подржувач на „рускиот свет“ оди во пеколот“.





