Владимир Кличко, припадник на украинските сили на територијалната одбрана, поранешен сетски боксерски шампион и брат на градоначалникот на Киев, изјави за Си-Ен-Ен дека руските војници денеска напаѓаат области во целата Украина, а нивната главна цел е главниот град на Украина, Киев.
„Во следните денови, очекуваме значителен напад врз главниот град. Тие се регрупираат. Тие се обидуваат да најдат различни стратегии и се обидуваат да го најдат вистинскиот начин и вистинскиот тајминг. Во секој момент очекуваат напад на главниот град, особено, како што реков, следните денови. Нивната цел е главниот град“, рече Кличко.
Тој додаде дека волјата на украинскиот народ останува силна, но му треба поддршка.
„Имаме многу опрема, воена опрема и ќе направиме сè што е можно. Се обидуваме да ја надмудриме руската армија колку што можеме. Не знам колку долго ќе издржиме, но ние ќе издржиме онолку долго колку што можеме. Она што е навистина неопходно е меѓународна поддршка. Треба да ја изолирате Русија и руската економија“, рече тој.
„Ова е важно да се разбере за западниот свет и нашите сојузници да дејствуваат сега. Не можеме да чекаме неколку недели или месеци за одредени одлуки. Станува збор за часови и минути. Ни треба поддршка – финансиска, хуманитарна, воена опрема. Ќе се грижиме за себе, верувајте ни“, додаде Кличко.





