Пензиониран британски снајперист, кој се приклучил на борбите во Украина, тврди дека силите на украинскиот претседател Володимир Зеленски се борат како „Талибанци на стероиди“, пишува Јутарњи.
Шејн Метјус, поранешен капрал од вториот баталјон на кралскиот полк на принцезата од Велс, моментално е стациониран во Киев и помага во одбраната на градот од претстојните сили на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува „The Mirror“.
И покрај воената надмоќ, Русија досега не успеа да го освои главниот град, една од клучните цели на руската војска.
Метјус, кој се борел во Ирак и Авганистан, изјави за Дејли Меил дека не верува дека Киев ќе падне во рацете на окупаторите.
„Украинската артилерија целосно ги разби Русите додека одржував една од моите лекции по медицина. Очигледно Русите немаат одбранбени позиции во Ирпин, па украинските момци апсолутно ги разбиваат, што е добра вест“, вели Метјуз.
„Тактиката на герилска војна што ја користат Украинците е нешто од кое едноставно не можете да се одбраните, тоа е нешто како „Талибанци на стероиди““, додаде тој.