ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска: Ги споделуваме позитивните искуства во борбата против корупцијата со колегите од Бугарија

March 18, 2022 17:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, денеска имаше работен состанок со вицепремиерката за добро владеење на Бугарија, Калина Константинова и министерката за правда Надежда Јорданова, на кој беше презентирано македонското искуство околу формирањето на независна и професионална Државна комисија за спречување на корупцијата.

На состанокот, кој беше одржан во хибриден формат, присуствуваа и македонскиот заменик-министер за правда Агим Нухиу, како и членовите и претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска која подетално ја презентираше работата на Антикорупциската комисија.

Вицепремиерката Грковска оцени дека овој состанок е дел од соработката со Република Бугарија во рамки на Работната група за европска интеграција и зелени политики, која нуди одлична можност за двете земји да ги разменат позитивните искуства во одредени области.

„Овој состанок произлезе од разговорот што го имав со министерката Јорданова која покажа интерес да се запознае поблиску со нашето позитивно искуство околу формирањето и обезбедувањето на независност на Државната комисија за спречување на корупцијата со оглед на тоа што Бугарија се соочува со предизвици на ова поле“, истакна заменик-претседателката на Владата, Грковска.

Министерката за правда на Република Бугарија, Јорданова нагласи дека бугарската Влада во моментов работи на нова законска регулатива со цел да се зајакне антикорупциската борба, бидејќи во моментов институционалната поставеност не дава конкретни резултати.

„Работиме на ново законодавство за да се засили антикорупциската комисија, со што ќе се зајакне борбата против корупцијата и затоа е добро да го слушнеме искуството на Северна Македонија во овој сегмент“, нагласи Јорданова.

Заменик-министерот за правда Агим Нухиу истакна дека со новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси, од јануари 2019 година се зајакнати критериумите за избор на составот на Државната комисија, утврден е транспарентен процес на селекција и избор на членови на Комисијата, а инкорпорирани се и други препораки добиени од домашни и меѓународни експерти.

Претседателката на Државната Комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска нагласи дека обезбедени се услови за независна, професионална Антикорупциска комисија со зголемени надлежности.

„Значајно е што со новата законска регулатива ДКСК има директен пристап до бази на податоци што ги имаат и одржуваат други органи. Нашата работа е јавна, нашите седници се јавни и граѓаните имаат директен увид во предметите што ги работиме. Работиме и на целосна примена на законот за заштита на укажувачите, како еден од клучните закони во борбата против корупцијата“, рече Ивановска и нагласи дека со заменик-претседателката на Владата Грковска и со Владата воопшто има одлична соработка.

Во рамки на дискусијата тимовите на двете држави разменија мислење и во делот на законската регулатива за конфискација и потекло на имот, проверка на интегритетот, односно ветингот, контролата на имотот, како и за други прашања кои се во интерес на зајакнување на антикорупциските политики и пракси.

Next Post

Онлајн состанок на Николовски со амбасадорите за изнаоѓање алтернативни пазари за производите што се извезуваат во Русија, Украина и Белорусија

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk