ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски во вторник на средба со Недимовиќ, очекува „зелено светло“ за испорака на српско жито во земјава

March 18, 2022 20:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во вторник ќе се сретне со српскиот колега, министерот за земјоделство Бранислав Недимовиќ. Од средбата во Белград Николовски очекува уште една потврда дека Србија ќе ги испорача во земјава потребните количини пченка и пченица за домашните мелничари, пишува МИА.

Како што рече Николовски во вечерашната дебата на телевизија Телма, до жетвата ќе бидат потребни околу 50 000 тони пченица.

-Во вторник сме на состанок во Белград со српскиот министер за земјоделство. Се надевам дека ќе ја договориме динамиката за испорака на потребните количини жито. Верувам дека вторпат ќе биде потврдена поддршката и солидарноста од српска страна. Претседателот Вучиќ потврди, а разговарав и со министерот Недимовиќ. Верувам дека се ќе оди во правец на олеснување и овозможување на количините кои ни се потребни од жетвата, истакна Николовски.

Според него, годинава се засеани 75 000 хектари пченица или 3 000 хектари повеќе од лани. Ќе имаме 255 000 тони, додека потребите се околу 300 000 тони. Но, целото производстсво не е со соодветен квалитет.

Николовски повтори и дека ќе биде предложена промена на моделот на стоковните резерви.

– Ни се случува една иста појава во претходните 20 – 30 децении само исти фирми да се капацитетни да ја продадат пченицата на стоковните резерви и потоа тие истите да ја купат. Затоа е потребно складирање во проватните силоси и поддршка во оваа насока, потенцира министерот.

Во врска со цените на основните производи и нивното намалување по воведувањето на мерките, Николовски напомена дека тоа треба да го кажат инспекторите.

-Немам информации дека мерките не функционираат. Донесен е еден од најобемните планови за поддршка. Мора да има стабилизирање на цените и ограничувања особено на основните животни продукти. Мерките мора да дадат резултат, но се во надлежност на други министерства, нагласи Николовски.

Министерот оцени и дека е исправна денеска донесената одлука за продолжување на забраната за извоз на житата и маслото.

-Мора да го штитиме домашното производство и да се грижиме за домашните потреби. Забраната ќе продолжи, истакна Николовски.

На прашањето во врска со новата зграда на АХВ, министерот одговори дека за тоа детално ќе информира Владата. Има, рече, многу сериозни теми и предизвици околу кои е мобилизирано МЗШВ и тоа е многу побитно од тоа дали и на кој начин се трошат капиталните инвестиции.

-Мерките за штедење не се за капитални инвестиции. Ова е посебен орган, ќе информираат од АХВ и од Владата. Она што го знам е долгоодипна постапка и исплати кои не се во една година туку во повеќе години. Но, за тоа се одговорни Министерството за финансии, дециден е Николовски.

Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Петре Стојкоски во текот на дебатата рече дека моментно најголем проблем за земјоделците е прихраната. Од тоа, како што објасни Стојкоски, ќе зависи и приносот на житото.

-Има недостиг на вештачко ѓубре и премногу виски цени, истакна Стојкоски и дополни дека забрана за извоз на домашното жито треба да трае многу подолго.

Next Post

САД приземјуваат 100 авиони кои ги прекршуваат американските санкции

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk