ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Едни нудат решенија, други нудат страв, повторно!

Неверојатна штета прави Мицковото говорење во јавните гласила. Нешто кое многу ме загрижува е таквата реторика: кризата се лепи на неговиот популизам за која, и самиот нема никакво излезно решение, а граѓаните стануваат цинични. Мицкоски е опасен, штетен, неодговорен. А знаеме многу добро, стравот и паниката не решава ништо освен што предизвикува уште поголем страв и уште поголема катастрофа.

March 22, 2022 13:13
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Мицкоски има една стратегија која е типична за сите популистички партии: ги плаши граѓаните од последиците на војната во Украина. Тоа не е ништо ново, иста матрица што ја применува уште од времето на тврдиот груевизам. Претходно беа катастрофичари со корона вирусот, денес се обидуваат од Украинската трагедија да профитираат, а решението на кризата за граѓаните Мицкоски го гледа во личното издигнување.

Сите сме свесни дека ова е незапамтена криза. Неверојатни, бизарни и катастрофични вести стигнуваат „од минута во минута“, луѓето – сосема природно – загрижени се за својата судбина. Единствени кои се смирени од целиот тој хаос, и кои реагираат навремено и одлучно, е Владата на Ковачевски. Работат на се она што е потребно за граѓаните.

Кога се толчат слонови, Ковачевски се обидува да ги заштити своите граѓани. Така беше и во екот на корона кризата: Владата смируваше, потикнуваше вакцинација, а Мицкоски изнесуваше катастрофични сценарија, ги одвраќаше луѓето од вакцинација, и повторно – како впрочем и секогаш – бараше политичка корист за него и неговата тесна врхушка.

Да не заборавиме: државата во време на пандемија беше под страшен притисок, сите се боревме луѓето да се вакцинираат, апелиравме во медиумите или со еден/два збор речено – баравме спас.

Последниве две недели можете повторно да го видите истиот наратив: „во светот е хаос, Владата е катастрофална“, вели Мицкоски. Во исто време инфлацијата ниту дома, а ниту во светот не стивнува. За таа цел, Владата на Ковачевски субвенционира дури 80% од сметките за струја на домаќинствата. Воедно 6.500 домаќинства со ниски приходи ќе продолжат да добиваат дополнително намалени сметки за електрична енергија, а 35.000 граѓани од ранливи категории ќе имаат плус 3.000 денари во ваучери за купување основни производи. Минималната плата е веќе 18.000 денари, пензиите доживеаја историски раст, а и платите и пензиите континуирано ќе продолжат да растат.

Како што гледате и сами: сите овие „лајтмотиви“ се потполно применливи последните четири години. Мицкоски во сето свое опозиционо делување јава на кризите кои се перманентни, во голема мера – тоа мора да се признае – сите медиуми му одат „на рака“ и му создаваат предност која му се сервира на тацна, глупаво, бедно и лешинарски. Тој човек нема свест за решавање на кризи, единствено што знае е да се скрива позади демагошките флоскули „на народот му се случува катастрофа“ и слично на тоа.

Од неговите пораки во јавноста кои се апокалиптични, граѓаните под напад на паника, страв и несигурност, почнаа да купуваат храна и прават залихи; од друга страна, поедини продавници останаа без намирници, почнаа да се прават и редови на бензинските пумпи; некои продавници – класично профитерски – почнаа да ги зголемуваат цените за намирници на своја рака.

Неверојатна штета прави Мицковото говорење во јавните гласила.

Нешто кое многу ме загрижува е таквата реторика: кризата се лепи на неговиот популизам за која, и самиот нема никакво излезно решение, а граѓаните стануваат цинични. Мицкоски е опасен, штетен, неодговорен. А знаеме многу добро, стравот и паниката не решава ништо освен што предизвикува уште поголем страв и уште поголема катастрофа.

Само има „една“ олеснителна околност: Мицкоски треба да разбере дека не е ова Германија во триесетите години. Знаеме кои му се намерите. И не му ја голтаме таа преџвакана матрица.


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Рехабилитацијата на Пониква за повредените од пожарот во „Пулс“ ќе биде во групи, од утре почнува реконструкцијата на Општата болница – Кочани

June 12, 2025
Скриншот

Во болницата во Ахмедабад донесени над сто безживотни тела

June 12, 2025

Поради пожарот во Вардариште без струја 47.000 корисници во Скопје

June 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

    Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш и да фрлаш клетви, но ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како да живеам со оваа тишина за Газа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО снимки од авионот на Ер Индија што се урна со повеќе од 240 патници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова за НоваТВ: Поднесов кандидатура во СДСМ за градоначалник на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами вели дека има места во Владата за нови политички партнери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk