ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ќе се интензивира кампањата за вакцинација против Ковид-19, можно постепено релаксирање на мерките

March 24, 2022 08:12
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Состојбата со Ковид-19 во земјава внимателно се следи, а доколку постои можност, ќе се предлага постепено релаксирање на мерките, сметаат надлежните. Тие остануваат посветени на интензивирање на кампањата за вакцинација, а во меѓувреме се очекува на следната владината седница да се одлучи за препораките предложени од Комисијата за заразни болести.

Членовите на Комисијата за заразни болести вчера на средбата ја разгледуваа актуелната епидемиолошка состојба и дискутираа за интензивирање на кампањата за вакцинација против Ковид-19, преку пласирање научно проверени информации преку социјални мрежи и медиуми, со цел соодветно да се информира и едуцира јавноста за безбедноста и ефикасноста на вакцините.

Од Министерството за здравство пак, сметаат дека иако е мирна ситуацијата, луѓето треба да бидат свесни дека вирусот е присутен.

Според нив, вакцинацијата е најбезбедниот начин за спречување на тешка форма на болест, хоспитализација и смртен исход.

Во следниот период пак, се очекува Владата на седница да донесе одлука за препораките во однос на ковид мерките што ги предложи Комисијата за заразни болести на последниот состанок.

– Сите предлози и препораките на Комисијата за заразни болести ќе се разгледаат на наредниот состанок на Централниот координативен штаб за кој се очекува да заседава деновиве. Потоа записникот од Штабот треба да биде усвоен на наредната владина седница. Очекуваме на наредната владина седница да биде усвоен записникот од Централниот координативен штаб, односно дали ќе се прифатат или не сите препораки на Комисијата за заразни болести, најави вчера владиниот портпарол Муамет Хоџа.

Комисијата минатата недела на седница препорача за децата во основното образование да не биде задолжително носењето на маски, како и да не биде потребен сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19 за посета на отворените делови и терасите на угостителските објекти.

Инаку, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, вчера беа регистрирани 319 нови случаи со КОВИД-19, од направени 2.720 тестови. Еден пациент почина, а оздравеле 258 пациенти.

Од новозаболените 319 случаи, од Скопје се 184, Битола 25, Кавадарци 23, Куманово 14, Прилеп 11, Велес и Кичево по 9, Гевгелија 7, Охрид 6, Неготино и Делчево по 5, Кочани 4, Штип, Дебар, Пробоштип, Кратово и Демир Хисар по 2, Тетово, Струга, Свети Николе, Радовиш, Берово, Валандово и Виница по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.944.313 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 304.047.

Бројот на оздравени пациенти е 292.886, на починати е 9.188. Бројот на активни случаи изнесува 1.973.

Во однос на ситуацијата со Ковид-19 на Балканот, во Грција се донесени нови одлуки во рамки на постепеното олабавување на мерките во земјата.

Стадионите да функционираат со целосна исполнетост, а учениците и вакцинираните просветни работници да прават само еден селф тест седмично, се препораките на надлежната комисија на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, препораки кои грчката Влада ги прифатила, јави дописничката на МИА од Атина.

Во меѓувреме, кипарската Влада одлучи граѓаните над 70-годишна возраст и лицата, независно од возраста, кои престојуваат или работат во домови за стари лица, здравствените работници, како и лицата со сериозни здравствени проблеми да можат да примат четврта доза вакцина, а трета доза децата над 12 години.

Како што соопштија од Министерството за здравство на Кипар, четврта доза од вакцината ќе се аплицира пет месеци по бустер дозата.

Во однос на состојбата во светот, Пакистан вчера соопшти дека немало ниту еден смртен случај поврзан со коронавирус за 24 часа, по првпат во две години, што е еден знак дека петтиот бран на пандемијата се движи побавно.

Властите ги тргнаа сите ограничувања минатата недела и сега животот е вратен на предпандемиското нормално. Најмалку 433 нови случаи на Ковид-19 се евидентирани последните 24 часа, информираше пакистанското Министерство за здравство.

Првиот случај на коронавирус Пакистан го регистрираше на 26 февруари 2020 година. Досега, земјата има вкупно 1.522.862 случаи и 30.333 починати лица со Ковид./MИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Свиркач тврди дека руските агенти се незадоволни од санкциите, расте ризикот од државен удар против Путин

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk