ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши-Николов: Се продлабочува соработката во енергетскиот сектор помеѓу Северна Македонија и Бугарија, со реализација на заеднички проекти бенефит ќе имаат граѓаните од двете земји

March 25, 2022 17:02
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за енергетика на Бугарија Александар Николов денеска копретседаваа со Работната група за соработка во областа на инфраструктура, транспортот и енергетиката, помеѓу Северна Македонија и Бугарија.

На состанокот се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу двете земји во делот на енергетиката и забрзување на реализацијата на енергетски проекти помеѓу двете земји. Главна тема на состанокот како што истакна министерот Бектеши на прес-конференција во Владата беа обезбедување на дополнителни количини на природен гас за Северна Македонија.

„Се разгледува можноста за резервирање капацитети за Северна Македонија во складиштата за природен гас кои се на територијата на Бугарија, за што на 6 или 7 април треба да се одржи состанок меѓу националните енергетски компании од двете земји „НЕР“ и „Булгаргаз“ за да се утврдат деталите и да се забрза процесот. Со менаџментот на енергетските компании разговаравме и за продолжување на интерконекторот Петрич – Струмица до ТЕЦ „Неготино“ преку ревидирање на постоечката студија. За интерконекторот Петрич – Струмица се договоривме да се ревидира студијата зашто претходната предвидела да имаме до Штип маркет тест, но тоа ќе го направиме до ТЕЦ „Неготино“ зашто преку ЕСМ се преземени соодветни мерки за да имаме дополнителен капацитет за производство на електрична енергија од природен гас. Тој интерконектор во иднина би можел да биде снабдувач на тој капацитет кој најверојатно ќе биде голем“, кажа министерот Бектеши и потенцираше дека како долгорочно решение во оваа насока е учеството на Северна Македонија во терминалот за течен гас Александропулос во Грција за што веќе е потпишан договор.

„Со менаџментите на енергетските компании од двете страни ги разгледавме можностите за забрзување на проектите имајќи ја предвид енергетската криза. И претходно имавме одлична соработка во енергетскиот сектор, но нема да застанеме тука. Ќе продолжиме со дополнителни проекти, за двете држави да имаат бенефит од инвестициите. Разговаравме за реализација на Меморандумот за поврзување на пазарите на Северна Македонија и Бугарија. При крај е постапката за воспоставување организиран пазар и компанија која тоа ќе го направи во земјава. До крајот на годината постапката треба да заврши, а во почетокот на годината кога ќе имаме организација на домашен пазар, ќе се поврземе со Бугарија, а тоа ќе го прошириме преку различни инвестиции, како што е интерконекторот со Бугарија и со другите соседи“, кажа министерот Бектеши на заедничката прес-конференција со министерот Николов.

Министерот за енергетика Александар Николов кажа дека Северна Македонија ќе биде снабдена со природен гас и ќе бидат обезбедени сите потребни количини преку Бугарија без разлика дали Бугарија ќе продолжи да се снабдува од Русија или не, од што зависи и снабдувањето за нашата земја, но истакна дека државите мора да инвестираат во обезбедување на алтернативни извори на овој енергенс.

„Северна Македонија и Бугарија се неразделно сврзани не само енергетски, инфраструктурно и историски, туку се и блиску до Европа. Војната во Украина е во наша близина и негативното влијание сите го чувствуваме. Сите мора да размислуваме за алтернативни начини кои ќе овозможат снабдување со природен гас, за да се минимизира зависноста од Русија. Неопходно е да се реализираат заеднички проекти за што бенефит ќе имаат граѓаните на двете земји. Во тешки времиња се гледа кои се вистинските пријатели. Има големи можности, но ризиците мора да се следат. Бугарија и е на располагање за помош на Северна Македонија, не само од технички аспект, туку и во делот на инфраструктурата“, кажа Николов.

 

Next Post

МФ: Во подготoвка се правни решенија за промена на надоместот за приватизација на државно градежно земјиште

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk