Германски Фолксваген следниот месец ќе претстави четири нови кросовер модели но во Индија.
На саемот Авто Експо од 7-12 февруари Фолксваген ќе ги претстави моделите A0, T-Roc, Tiguan AllSpace и ID Crozz EV.
Нам најмалку познат ни е А0 кој ќе се натрпеварува во класата со јужнокорејските адути Hyundai Creta и Kia Seltos.
Моделот е базиран на платформата MBA0 IN која му овозможува меѓуосовинско растојание од 2.651 мм.
Би требало да го движи 1,5 литарски TSI турбо-бензинец со 130 КС, додека мали шанси му се даваат на дизел верзијата.