ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Tрибина на тема „30 години развој на Армијата-формирање, настани, успеси, предизвици, иднина“

March 28, 2022 14:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како почеток на активностите за одбележување на триесетгодишниот јубилеј на Армијата, денес во организација на Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија и Асоцијацијата на здруженија од сферата на безбедноста, одбраната и меѓународни односи во Домот на Армијата во Скопје се одржа трибина на тема „30 години развој на Армијата-формирање, настани, успеси, предизвици, иднина“, информираат од Министерството за одбрана.

На почетниот дел од трибината, свое обраќање имаа претседателот и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски во своето обраќање истакна дека Армијата во изминатите 30 години, целосно се трансформираше, модернизацијата се одвиваше во согласност со стандардите на Алијансата фаќајќи го чекорот со најновите трендови во одбраната, а стекнуваше искуство и на бројни меѓународни воени вежби и со активно учество во повеќе мировни мисии предводени од НАТО, од ЕУ, ОН и од нашите стратешки партнери на билатерална основа зајакнувајќи го нашиот меѓународен кредибилитет затоа што не препознаваа како држава која генерира стабилност во поширокото опкружување.

Една од најдобрите одлуки зад која повеќе од три децении стои широк надпартиски и општествен консензус е истрајноста во нашата евроатлантска ориентација. Токму во овој период на огромни геополитички тензии и воени конфликти, членството во НАТО претставува важен стабилизирачки фактор за Северна Македонија. Истакна претседателот Пендаровски.

Министерката Петровска на трибината, честитајќи го триесетгодишниот јубилеј на сите кои придонеле во развојот на Армијата од нејзиното воспоставување до денеска, посочи дека државата е посветена на развој на способностите за колективната одбрана, на кризниот менаџмент и на кооперативната безбедност, обврски кои произлегуваат од нашето членство во најмоќниот воено-политички сојуз во историјата – НАТО.

„Денес Северна Македонија не е сама, туку е дел од обединето семејство, кое е подготвено заеднички да одговори на сите безбедносни предизвици. Ова е време кога не постои алтернатива на сојузништвото, соработката и меѓусебната поддршка на меѓународно ниво. Без безбедност нема ниту економски развој, ни просперитет, но од друга страна, без развој на одбранбените способности нема безбедност и демократско владеење на правото. Согласно обврските од Самитот на НАТО во Велс во 2014 година, секоја земја членка треба да инвестира  најмалку 2% од БДП, од кои најмалку 20% од овие трошоци треба да бидат наменети за набавка на опрема и за модернизација. Северна Македонија е на чекор до го достигне тоа ниво. Оваа година буџетот е 1,77 % од БДП. До 2024 е извесно дека тоа ќе ги достигнеме бараните 2% од БДП, но уште поважно е дека 30% од овогодинешниот одбранбен буџет веќе се наменети за опрема и модернизација“, рече Петровска.

Членството во Алијансата дојде во вистински момент, порача Петровска и додаде: „2022 година ја покажа суровата реалност од нови безбедносни ризици, закани и предизвици кои се исклучително сериозни и непојмливни дека можат да се случат по крајот на Втората светска војна. Случувањата во Украина нè потсетија дека војната на европско тло не е минато, а мирот не е загарантиран. Тоа нè потсети дека развојот на одбранбените капацитети се повеќе од неопходност, дека подготовките и градењето на отпорноста мора да се разберат како континуитет и дека покрај сè со денешните предизвици ниту една земја не може самостојно успешно да се справи.“

Генералот  Ѓурчиновски, кој се обрати како актуелен началник на Генералштабот, но и како директен учесник во тридеценискиот развој на Армијата истакна дека денешното постигнато ниво на развој се должи на взаемното споделување на ова бреме со сите државни структури, но пред се на несебичното залагање на директно инволвираните од армиските редови и од сите структури на одбраната.

„Армијата, како најзначаен субјект во одбранбениот систем на Републиката, во овие 30 години, умееше секогаш да ги согледа приоритетите во структурните промени, кои со умешност во командувањето, контролата и принципот на едностарешинство и субординација овозможија за релативно краток период да се достигнат потребните стандарди на НАТО.“ истакна генералот  Ѓурчиновски.

На трибината обраќања имаа и првиот министер за одбрана, Трајан Гоцевски и првиот началник на Генералштабот, генерал Митре Арсовски и други говорници кои споделија искуствата од самите почетоци на формирање на Армијата како и тогашните предизвици, додека од страна на генералот Ѓурчиновски беа претставени реформските процеси и активности кои ги спроведува Армијата по приемот во НАТО, како и идните планови и активности.

Трибината, преку стручната експертиза и аналитичкото согледување од страна на соговорниците, како и  нивните експертски и политички видувања за достигнувањата на одбраната на Република Северена Македонија го дава својот инпут во можните понатамошни предизвици и правци на развој на одбраната, како дел од колективната одбрана.

Со трибината се отпочнаа планираните активности со кои ќе се одбележува  јубилејот 30 години од формирањето на Армијата: изложби, концерти, спортски натпревари, хуманитарни акции, прослави во единиците и друго.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Маричиќ – Холтхоф-Фертнер: Време е за лидерски исчекор, Северна Македонија одамна заслужи да ги започне преговорите со ЕУ

НАЈНОВО

Претставување на современата македонска книжевност на Саемот на книгата во Франкфурт

October 13, 2025

Спалети го состави својот ол-стар тим од најдобрите играчи што ги тренирал

October 13, 2025
Израелски хеликоптери се упатуваат кон базата Реим за да ги примат вратените заложници. Фото: ИДФ

Првите седум ослободени заложници од Газа придружувани од ИДФ се враќаат во Израел, потврди војската

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk