ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Руски војници подигнале облак радиоактивна прашина во Чернобил

March 28, 2022 21:28
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
фото: МИА

фото: МИА

Украинците кои работат на одржувањето на нуклеарната централа во Чернобил, велат дека руските војници, кои ја зазедоа нуклеарката, подигнале облаци од радиоактивна прашина кога возеле низ најзагадената област, јавува МИА.

Војниците не носеле никаква заштитна опрема и најверојатно вдишувале радиоактивна прашина. Тоа е еднакво на самоубиство, изјавиле некои од работниците за светските агенции.

– Голема колона од воени возила помина по патот веднаш зад нашиот објект, кој минува покрај Црвената шума, изјави работник кој сакал да остане анонимен. Црвената шума го доби своето име по експлозија во 1986 година, кога дрвјата добиле црвена боја.

– Конвојот подигна голем облак од прашина. Сензорите што ја мерат радијацијата покажаа високи нивоа на радијација, додаде тој.

По заземањето на електраната на 24 февруари, Русија соопшти дека радијацијата е во нормални нивоа и не претставува закана за здравјето на луѓето, како и дека руските сили со заземањето на електраната спречиле „нуклеарни провокации на украинските националисти“.

Еден од вработените изјавил дека руските војници со кои разговарал не знаеле за историјата на централата. „Кога ги прашаа дали знаат за катастрофата во 1986 година, експлозијата на четвртиот блок, немаа поим. Немаа поим во каков објект се наоѓаат“, рече тој.

Руските сили го напуштија градот Славутич во близина на Чернобил, градот во кој живеат повеќето вработени во централата, изјави денеска градоначалникот и привремен шеф на централата во Чернобил.

Next Post

Битиќи: Растот на минималната плата го вреднува трудот на работникот

НАЈНОВО

Скриншот

Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција започна 24-часовен штрајк

August 28, 2025
Скриншот

Трамп ја отпушти директорката на Центрите за контрола и превенција на болести Сузан Монарез

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk