ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Агенција за филм: Историски настан за македонската кинематографија

Тимот на „Медена земја“  се огласи со соопштение на официјалната фејсбук-страница во кое се заблагодарува на Американската академија (AMPAS) за тоа што го вклучи филмот во трката за најпрестижната филмска награда на светот.

January 13, 2020 16:26
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Ова е историски настан за македонската кинематографија. Првпат и во историјата на Оскарите се случува документарен филм да биде номиниран во две категории. Ремек делото од документарец кој во изминатава година освои неброени награди и признанија а главниот лик пчеларката Атиџе стана симбол за подигање на свесноста за природата и воопшто етиката и човечноста, се доближи до врвното светско филмско признание, соопшти Агенцијата за филм откако попладнево Американската филмска академија објави дека документарниот „Медена земја“ е номиниран во двете категории во кои беше во потесен избор – за докуменрарец и за интернационален филм.

Тимот на „Медена земја“  се огласи со соопштение на официјалната фејсбук-страница во кое се заблагодарува на Американската академија (AMPAS) за тоа што го вклучи филмот во трката за најпрестижната филмска награда на светот.

– Пред сѐ, би сакале да се заблагодариме на членовите на Американската академија (AMPAS) за тоа што го вклучи „Медена земја“ во трката за најпрестижната филмска награда на светот. Преку жената која случајно ја сретнавме, пред светот се отвори приказна – алегорија на една глобална слика каде хуманото и натуралното се борат да преживеат. Атиџе и пчелите се прототип за новиот генетски материјал, кој треба да победи во битката на титаните, каде природата се бори со деструктивното. Среќни сме дека светските критичари и членовите на Академијата го препознаа крикот на планетата, кој ечи меѓу фрејмовите во филмот. Ја открија големината на човекот, преку големината на единката. Се разнишаа убедувањата дека радоста се крие во поседувањето. Уште еднаш, бескрајна благодарност до членовите на Акедемијата што филмот го нарекоа – материјал  заслужен за Оскар, пишува на Фејсбук-страницата на „Медена земја“. 

Next Post

ДИК утре ќе одлучува по барањето на Чулев

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk