ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Нуредини за едукативниот пакет „Медена земја“: Природните ресурси не се неисцрпни, природата се грижи за нас, онолку колку што ние се грижиме за неа

March 29, 2022 18:43
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Медена земја“ е приказна за главната хероина Атиџе Муратова која пренесува една длабока, исконска мудрост за односот меѓу човекот и прородата. Филмот го видоа илјадници луѓе ширум светот, но ние сметаме дека овие пораки треба да стигнат до нашите најмлади, бидејќи од особена важност е нивното образование и воспитување да обезбеди да растат во хармонија со природата и да ги почитуваат основните принципи на интеракција со неа. Задача на нас постарите е да им покажаме како, истакна министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, пишува МИА.

Тој, на денешната промоција на едукативниот пакет „Медена Земја“ во „Даут – пашин амам“, нагласи дека исконската филозофија на Атиџе дека даровите на природата треба да се делат – „половина мед за мене, половина за пчелите“, не потсетува дека природните ресурси не се неисцрпни и дека природата ќе се грижи за нас, онолку колку што ние ќе се грижиме за неа.

– Токму затоа МЖСПП во соработка со МОН и Бирото за образование и наука, а со финансиска поддршка на Швајцарската амбасада, преку програмата за зачувување на природата ги ангажираше творците на „Медена земја“ да ги прилагодат пораките на едукативен пакет за деца од 10 до 14 години. Се надевам дека преку интересната илустрирана приказна и интерактивните игри ќе успееме на нашите најмлади да им ги пренесеме модростите и љубовта на оваа исклучителна личност и кон природата и кон луѓето. Уште еднаш да се заблагодарам на сите коишто го дадоа својот ангажман за развивање на едукативнот пакет, кој го смислија, изработија и вклучија во наставниот процес. На крајот на краиштата децата се оние кои ќе не опоменат ако не преземеме никаква акција, заклучи Нуредини.

На настанот беа претставени елементите од едукативниот пакет „Медена земја“, во чии содржини се имплементирани клучните пораки од документарниот филм „Медена земја“, кој е наменет за учениците од основните училишта во Република Северна Македонија.

Едукативниот пакет е подготвен во рамки на Програмата за зачувување на природата (ПЗП), проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), со цел учениците од основното образование, на возраст од 10 до 14 години, да се запознаат со клучните пораки од документарецот „Медена земја“. Пакетот се состои од три компоненти: илустрирана сликовница Медена земја, интерактивна игра со коцки и голема интерактивна игра. Во пилот фазата едукативниот пакет е испечатен на македонски, албански и турски јазик и беше дистрибуиран во основните училишта во Брегалничкиот регион

Министерот за образовение и наука Јетон Шаќири нагласи оти верува дека токму преку креираните едукативни материјали, што побудуваат љубопитност, учење и размена е овозможено наставниците и учениците да ги унапредат сопствените вештини за доживотно учење. Истражувањето, како што додаде, потврдува дека учењето преку игра го поттикнува развивањето на компетенцииза справување со промени како и со непредвидливи и тешки моменти.

– Едукативниот пат е инспириран и се надоврзува со филмот „Медена земј“а со креирани содржини за грижа и проактивност, напишани на македонски, албански и турски јазик, преку почитување на петте принципи на учењето преку игра, односно принципите за значајнот, интерактивност, уживање, активирање и повторување, наведе Шаќири.

Министерот за образование и наука посочи дека информациите од фокус групите потврдуваат дека пакетот со пораки за живеење во хормонија со природата и свесноста за неопходноста на пчелите за општото добро, за сите нас, јасно се пренесуваат и прифаќаат од страна на учениците.

–  Пораките на филмот се многу поучни, корисни и треба да допрат до секој човек, а најважно е да бидат слушнати и меморирани од најмладите. Затоа и го спроведуваме овој проект кој верувам дека од регионален ќе се прошири на ниво на цела држава во следниот период, истакна Шаќири.

Амбасадорката на Швајцарија во земјава Вероник Улман посочи дека заедно со МЖСПП и МОН и Бирото за развој на образование успеале да го создадат овој производ којшто ја пренесува главната порака од филмот „Медена земја“.

– Веројатно се прашувате зошто овој пакет не е во дигитална форма, но нашата идеја е децата повторно да се сретнат во своите заедници, заеднички да учат и преку овој пакет да осознаат како треба да соработуваат со прородата и што можат да добијат од неа. Сметаме дека го постигнавме очекуваното, првите неколку групи веќе ја одиграа играта и можеме да кажеме дека функционира, на децата им се допаѓа, но, не само децата, туку и наставниците се воодушевени од играта, потенцираше Улман. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

June 6, 2025

Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

June 6, 2025

Синер го победи Ѓоковиќ и се пласираше во финалето на Ролан Гарос

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk