Честитки за тимот на „Медена земја“ за двете номинации за #Оскари2020, успех кој за првпат го постигнува македонски филм!, пишува на фан страната на претседателот Стево Пендаровски.
Понатаму во објавата се вели: -„Медена земја“ има огромен придонес за нашата афирмација во меѓународни рамки, но и за едукацијата и јакнење на граѓанската свест за нашето влијание на балансот во природата. Да инвестираме и поддржуваме уште многу културни производи кои го поттикнуваат креативниот потенцијал на нашето општество. #МеденаЗемја #Honeyland #Oscars2020“