ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска- Аранитаси: Макроекономската стабилност во земјава е зачувана и покрај најновите глобални случувања

March 30, 2022 11:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Макроекономската стабилност во земјава е зачувана и покрај последните случувања во Украина, кои значително го менуваат глобалниот економски контекст. Денарот е стабилен и ќе остане и понатаму стабилен, за што гарантира богатиот монетарен инструментариум на Народната банка (НБ), а пред се високото ниво на девизни резерви.

Ова, како што информираат од НБ, беше истакнато на средбата на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска со Анди Аранитаси, претставникот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во земјава на кој учествуваа и регионалната главна економистка на ЕБОР Ана Крешиќ и економската аналитичарка Оља Белиќ.

-Од страна на претставниците на ЕБОР беа поздравени политиките кои ги спроведува Народната банка и беа оценети како соодветни на тековната ситуација во функција на одржување на макроекономската стабилност, соопшти НБ.

На состанокот, се вели во соопштението, беше дискутирано за макроекономската состојба во македонската економија по здравствената криза и мерките коишто беа преземени заради надминување на негативните ефекти. Притоа, беше посочено дека Народната банка овозможи соодветна поддршка на економската активност преку монетарните мерки, како и со прудентните мерки коишто овозможија солидна кредитна поддршка во текот на целиот период, a истовремено беше овозможено одржување и на стабилноста на банкарскиот систем.

-Kризата во Украина значајно го менува макроекономскиот контекст и во глобални и во домашни рамки. Таа значи надолен ризик за економскиот раст, а нагорен ризик за инфлацијата. Во услови на висока  неизвесност, Народната банка внимателно ги следи информациите и движењата во економијата. Од страна на гувернерката на Народната банка, беше посочено дека и покрај добрата кондиција на девизните резерви и историски високата ликвидност на банките, на располагање се и дополнителни заштитни механизми со кои се гарантира макроекономската стабилност, посочуваат од НБ.

Како најсвеж пример, додаваат, Ангеловска-Бежоска го посочи продолжувањето на пристапот за Народната банка од страна на Европската централна банка (ЕЦБ) до репо-линијата од 400 милиони евра, со која се обезбедува пристап до дополнителна девизна ликвидност доколку  е потребно. Оваа линија досега не беше искористена. Имено ЕЦБ, во понеделникот оваа недела, за речиси една година ја продолжи важноста на репо-линијата за нашата централна банка.

И од двете страни беше истакнато дека паралелно со преземањето на мерки и политики во контекст на тековните негативни движења, земјата треба да продолжи да работи на реформите со кои на долг рок ќе се зголеми продуктивноста и потенцијалот за раст на економијата. Беше посочено дека фокусот е потребно да се стави на дигитализацијата и иновативноста, со цел искористување на компаративните предностите кои ги носи модерната технологија.

Next Post
Фото: Принтскрин, Твитер

Џиновска буква „Z“ осамна на московскиот театар Олег Тaбаков

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk