ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Целодневен настан во МКЦ по повод 1000 изданија на култното радио-шоу „Розе Кадилак“

April 1, 2022 16:27
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Целодневен настан во МКЦ по повод 1000 изданија на култното радио-шоу „Розе Кадилак“, што веќе 25 години се емитува на Музичкото радио – Канал 103

Организаторите најавуваат дружба со основачите, водителите, соработниците и пријателите на „Розе Кадилак“ + преслушување на најголемите хитови емитувани во нејзината 25-годишна историја.

Учество ќе земат VOLTAIRE MANI AL HAKIM од Македонија и бендот Eva Braun,

VOLTAIRE MANI AL HAKIM е најдобро чуваната тајна на домашната музика е проект на најозлогласениот скопски акустичен арт-терорист Владо Манчевски. Овој апокалиптичен експериментатор, познат по својата хипнотичка избувливост и страст, овојпат во придружба на неговиот соработник Hermano Fritz, ќе се претстави со композиции што изобилуваат со меланхолична апокрифна дистанца, варирајќи од инди-рок па сè до некаков етерично ангажиран глобален звучен коктел. Го нарекуваат кантавтор на буката и теророт, човек што ниту сонува ниту е буден, уметник што умее на неодоливо едноставен и едно ставно неодолив начин да го отслика современото секојдневие.

Суптилната мелодична музика и поетските текстови на бендот Eva Braun станаа стандард во овој жанр на просторите на некогашна Југославија. Четворицата пријатели: Милан Главашки (гитара, вокал), Петар Долинка (гитара, вокал), Горан Васовиќ (бас, вокал) и Љуба Рајиќ (тапани) ги направија своите први демо снимки во 1985 година, а неколку години подоцна, во 1991, и официјално го формираа бендот, поставувајќи го градот Бечеј на регионалната рок мапа. Името на бендот е идеја на фронтменот Горан Васовиќ, а останатите членови едногласно ја прифатиле, и покрај неговата необичност и провокативност. Првиот концерт го одржаа кон крајот на 1991 година во „ДБ Клуб“ во родниот Бечеј. Во текот на нивната долга кариера, тие создадоа исклучително возбудлив, софистициран и високостилизиран опус грижливо распореден на албумите: Prisluškivanja (1992), Pop Music (1995), Heart Core (1998), Everest (2001) и Playback (2011). Во моментов се актуелни со одличниот нов сингл „Ti si sve“ и редовните концерти во регионот. Денешниот состав на бендот е: Горан Васовиќ, Горан Обрадовиќ, Љубомир Рајиќ, Звонко Стојков и Алберт Шерегељ.

Билетите по цена од 300 денари се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку www.bileti.mkc.mk

 

 

 

 

 

Next Post

Трите награди за мир на Заев од 47.500 евра отишле во фондот за борба против ковид

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

November 5, 2025
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk