ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: Да се вклучат децата со аутизам во општествените текови

April 1, 2022 21:31
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, вечерва ја поддржа иницијативата на Општина Струмица во одбележувањето на 2 април, Меѓународниот ден на децата со аутизам, со осветлување на општинската зграда во сино и притоа истакна дека политиките и социјалните услуги кои ги реализира Министерството се со цел да се вклучат децата со аутизам во општествените текови.

Тренчевска се сретна со родителите на деца со аутизам и рече дека МТСП ја има надлежноста и во детската заштита, односно инклузија на децата од предучилишно образование на кое се работи интензивно.

– Зборувавме и за правата од социјална заштита коишто ги има во рамки на системот за социјална заштита за децата со попреченост. Тоа е правото за попреченост и посебниот додаток, како и сите оние социјални услуги коишто ги развиваме заедно со нашите партнери, тоа се единиците од Локалната самоуправа, Црвениот крст, како и граѓанските организации како провајдери на овие услуги коишто им се нудат на лицата со попреченост, подвлече министерката Тренчевска.

Додаде дека Владата и Министерството го развиваат и создаваат концептот на едно општество за сите во кое сите граѓани ќе ги уживаат човековите права и ќе имаат еднакви шанси и можности, како и еднаков пристап до сите ресурси во општеството.

– Навистина направивме многу со реформата до 2019 година којашто интензивно продолжува да се реализира и како Министерство и како Влада продолжуваме понатаму да се грижиме за сите ранливи категории на граѓани со посебен аспект и фокус на лицата со попреченост, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Kоординаторот за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Спасе Додевски, рече дека било кој ден кога се одбележува ден на било која категорија од лицата со попреченост треба да биде ден кога ќе се работи со инклузивен пристап, кој го промовира и Владата и Министерството. За таа цел тој најави дека ќе посетат повеќе институции во Струмица, кои се дел и од социјалната заштита и од образованието од аспект дека како Влада се создаваат и промовираат реформите кои ги реализираат повеќе министерства и опфаќаат повеќе области.

извор: МИА
Next Post

Ковачевски: Бојкотот на пописот направи лоша услуга, пред се на Македонците

Најново

Тошковски: Протоколот за лица без државјанство е значаен чекор кон системско и навремено решавање на овие случаи

April 28, 2026

(ВИДЕО) Филипче: Вајц го демантира Мицкоски – Владата нема напредок во реформите и свесно го блокира европскиот пат

April 28, 2026
Photo: Eva Rinaldi, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Започна судењето за планираниот напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена

April 28, 2026
Фото: Скриншот, видео, Вашингтон, Бела Куќа на ФБ

Кралот Чарлс пред Конгресот на САД: Повик за единство во време на затегнати трансатлантски односи

April 28, 2026
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Дерала за „Порталб“: Сегашниот Изборен законик е само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk