Коста Петров, еден од најчитаните македонски автори, веќе неколку години се наоѓа на врвот на топ-листата на издавачката куќа ТРИ.
Бројките се само потврда за неговиот несомнен квалитет како автор, и за умешностa да инспирира илјадници луѓе да ја следат неговата успешна приказна, велат од таму.
Почнувајќи со својата автобиографска книга „Се гледаме на врвот“, која беше промовирана на 31 јануари 2013 година, преку провокативната „Стравот“, интимно исповедната „Нашето последно кафе“ и охрабрувачката „Никој не рече дека ќе биде лесно“, Коста Петров постојано го привлекува интересот на македонските читатели, тврдат од ТРИ.