ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Пленковиќ: Амбиција на Хрватска е да обезбеди поддршка за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Пленковиќ пред европратениците порача дека Хрватска не ја крие амбицијата да се обиде да обезбеди поддршка од земјите членки на Унијата за старт на преговори за членство со земјава и со Албанија.

January 14, 2020 12:10
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Организирањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Загреб и отворањето преговори за членство на Северна Македонија и Албанија во Унијата се меѓу главните приоритети на претседавањето на Хрватска со Унијата, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во обраќањето пред Европскиот парламент.

Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, претставувајќи ги приоритетите на хрватското претседавање со ЕУ, Пленковиќ пред европратениците порача дека Хрватска не ја крие амбицијата да се обиде да обезбеди поддршка од земјите членки на Унијата за старт на преговори за членство со земјава и со Албанија.

– Идниот извештај на Европската комисија и предлозите за подобрување на методологијата за процесот на преговорите ќе бидат важни. За кредибилноста на политиката на проширување важно е да се зачуваат принципите на почитување на политичките критериуми и индивидуалниот напредок. Секоја земја кандидат треба да се оценува врз нејзините резултати, при што крајната цел на преговорите останува членството во ЕУ. Тоа треба да биде главната определба на политиката за проширување, истакна хрватскиот премиер.

Пленковиќ потсети дека Европскиот парламент по француското вето лани во октомври, усвои резолуција со која се поддржува отворање на преговорите со Албанија и Северна Македонија и во која се подвлекува важноста на проширувањето, како за земјите кандидати, така и за ЕУ.

Со тоа, според Пленковиќ, Европарламентот ја потврди посветеноста кон кредибилната политика на проширување на ЕУ.

Хрватскиот премиер потенцира дека средбата на врвот од Загреб во мај ќе се одржи 20 години по првиот загрепски Самит, кој „ја отвори европската перспектива за Југоисточна Европа и за договорите за стабилизација и асоцијација“.

– Меѓу тие земји се наоѓаше и Хрватска, која единствено стана членка на ЕУ. Денес таа претседава со ЕУ и нашиот пример му дава уште посимболично значење на Самитот во Загреб. Затоа од Самитот во Загреб сакаме да им испратиме силен сигнал на нашите партнери од Југоисточна Европа кои се уште се во еден вид на европско претсобје и да им порачаме: Ако ги продолжите сите реформи и ги исполните сите критериуми за членство, Вашата европска перспектива не е ставена во прашање и вие сте добредојдени. Истовремено, ЕУ ќе Ви помогне да ги исполните вашите цели со учество во европските проекти, интегрирање на инфраструктурните мрежи со редовен политички  дијалог на највисоко ниво и со промовирање на европските вредности и принципи, рече хрватскиот премиер.

Next Post

Фон дер Лајен: ЕК за неколку недели ќе ја има новата методологија за проширување

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk