ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска: Градиме системски пристап во креирањето и имплементирањето на антикорупциските политики

April 5, 2022 12:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
„Основата на стабилно општество е општество кое функционира транспарентно, одговорно и ефикасно, врз основа на законските и системските правила, независно од тоа која политичка гарнитура е на власт. Корупцијата е проблем кој нѐ загрижува сите и затоа треба сите заедно, Владата, надлежните институции, невладиниот сектор да работиме на креирање на антикорупциски политики и на нивно доследно имплементирање“, нагласи заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, на денешната работилница за јакнење на капацитетите и имплементацијата на Конвенцијата на Обединетите Нации против корупцијата (УНКАК).

 Во своето обраќање вицепремиерката Грковска потенцираше дека нашата држава во борбата против корупцијата, на листата на Транспаренси Интернешнл постигна скок од 24 места, што е за поздравување, но и обврска да се работи уште повеќе за да се постигнат подобри резултати, информираат владините служби.
„Спречувањето на корупцијата е процес во кој треба активно да бидат вклучени сите институции, Министерството за внатрешни работи, Финансиската полиција, Обвинителството, ДКСК, ДЗР и сите останати институции. Бидејќи ако една од нив затаи, овој ланец не може да функционира соодветно, а процесот нема да биде ефикасен“, оцени вицепремиерката Грковска.
 Таа додаде дека последните истражувања покажуваат дека сензибилитетот кај граѓаните против корупцијата е зголемен, а толеранцијата кај граѓаните за овој проблем е намален, што за Владата дава поголема одговорност, но и поттик да работи поефикасно и потемелно во сузбивање на корупцијата.
Вицепремиерката Грковска потенцираше дека фокусот на нејзината работа се дигиталната трансформација на општеството, транспарентност и ефикасност на институциите, како и антикорупциски политики и системски решенија.
„Ова се три области, кои навидум изгледаат различни. Но, во суштина, трите области се меѓусебно поврзани, а нивната паралелна имплементација значи обезбедување транспарентно, ефикасно и одговорно функционирање на системот“, рече вицепремиерката Грковска и додаде дека посебен таргет во нејзината работа е унапредување на системот на јавни набавки каде се детектирани слабости кои мора да се надминат.
На состанокот, кој го организираше МЦМС во соработка со УНОДЦ и коалицијата УНКАК, покрај претставниците на овие две меѓународни организации, Бил Вуд и Матијас Хантерс, се обратија и министерот за правда Никола Тупанчески, како и претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска.
Next Post

Спасовски: Заедничката борба и унифицирани решенија против илегалната миграција

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk