ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Со „Смарт Македонија“ до побрз економски раст

Економијата е стабилна, а економскиот раст ги натфрла проекциите на Меѓународниот монетарен фонд, кои на два пати беа покачени. Раст се забележува во сите сектори, а стапката на невработеност е на историски најниско ниво, порача министерката за финансии Нина Ангеловска на министерскиот панел на Форумот „Еуромани“, кој се одржува во Виена

January 14, 2020 15:53
in ЕКОНОМИЈА, TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Економијата е стабилна, а економскиот раст ги натфрла проекциите на Меѓународниот монетарен фонд, кои на два пати беа покачени. Раст се забележува во сите сектори, а стапката на невработеност е на историски најниско ниво, порача министерката за финансии Нина Ангеловска на министерскиот панел на Форумот „Еуромани“, кој се одржува во Виена, пренесе МИА.

Таа нагласи дека добрите економски остварувања може да се забрзаат и да се оствари синергија преку дигитализацијата, која,како што посочи, носи поголема додадена вредност.

-„Дигитална Македонија“ или „Смарт Македонија“ е визијата каде ја гледаме земјата во следните години. Затоа работиме со стратешките партнери, како Светска банка, за да развиеме инфраструктура, вештини кај работната сила, за дигитализација во економијата, јавниот сектор и општеството во целина. Треба да ја внесеме технологијата во сите сектори каде што можеме: земјоделството, здравството, образованието и преку тоа да креираме синергија.

Не само што сме посветени на овие процеси, туку и цврсто верувам дека можеме да ја намалиме сивата економија преку имплементирање на технологиите и да ја намалиме корупцијата, бидејќи компјутерите ја елиминираат можноста за пристрасност во одлучувањето. Со технологиите можеме да обезбедиме и поголема еднаквост и инклузивен раст, рече Ангеловска.

Посочи дека е-трговијата може да биде генератор на економски раст особено за малите отворени земји како нашата, да создаде нови работни места, да ги придвижи платите, да ја зголеми конкурентноста и да отвори нови можности за домашните компании.

-За да се постигне ова потребно е да се има капацитет, но и желба. Треба да се работи на зголемување на дигиталните вештини на населението, да се инвестира во човечкиот капитал кој е главен фактор за раст на секоја земја, рече Ангеловска.

Како добри примери во дигитализацијата ги наведе Естонија, еден од пионерите во дигитализацијата особено во полето на е-влада и јавните услуги и Израел, каде технолошкиот сектор има удел од 40 отсто од БДП.

Како мала земја, посочи, имаме потецијал и флексибилност за аплицирање на нови концепти и стратегиии како на пример „креативна економија“, односно концепт кој се базира на човечката креативност, идеите и интелектуалната сопственост, знаење и технологиите. -Треба да се размислува во оваа насока, бидејќи „креативната економија“ е онаа која креира додадена вредност, нови работни места, која создава можности за инклузија на маргинализирани категории, како жените, рече Ангеловска.

Зборувајќи за потенцијалните влијанија од надворешните фактори за македонската економија, Ангеловска истакна дека Република Северна Македонија, иако мала и отворена економија, благодарение на структурните реформи и диверзификацијата е се поотпорна на шоковите однадвор. Таа посочи дека домашната валута е стабилна, дека нашата е меѓу земјите со најдобра бизнис клима во светот, како и дека последните години има раст на странските директи инвестиции.

Министерката за финасии истакна дека земјата е посветена на евроинтеграциите, особено реформите во делот на владеење на правото, зајакнување на јавната администрација и консолидација на економијата.

На Министерскиот панел, освен Ангеловска, учествуваа и министерот за финансиски политики на Унгарија Габор Гион, министерот за финансии на Романија Флорин Читу и заменик-министерката за финансии на Бугарија Маринела Петрова.

„Еуромани“, поради форматот и големиот број на учесници е еден од најважните настани од економијата и финансиите во регионот на Централна и Источна Европа и претставува одлична можност за средби помеѓу носителите на политиките, како и претставниците на банкарскиот сектор, учесниците на финансиските пазари и инвеститорите.

Next Post

Спасовски: Граѓаните да се безгрижни - услугите и правата ќе продолжат непречено да се реализираат

Shortcut

Најново

Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Рускиот терор продолжува, Путин би преговарал со Трамп и Си – ЦИВИЛ: Ништо за Украина без Украина

October 19, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и НАИ ќе се соочат во вториот круг за градоначалник на Брвеница

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk