Додека НАТО продолжува да се подготвува за тековните и идните предизвици, Одделот за јавна дипломатија нуди грантови за справување со клучната област: овозможување на земјите на НАТО да бидат поотпорни на дезинформации и непријателски информативни активности, велат во објава од НАТО Алијансата.
Одделот за јавна дипломатија на НАТО објавува повик за предлози за проекти за развој на иновативни начини за спротивставување на дезинформациите и непријателските информативни активности во оваа конкретна област.
„Посебно ги поздравуваме новите идеи за развивање проекти. Со нетрпение очекуваме да обезбедиме финансиска поддршка за непрофитните организации на заедницата и граѓанското општество кои можат да ги понудат овие нови идеи и иновативни проекти“, се истакнува во објавата.
За повеќе информации, во објавата се наведени неколку линкови.