ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Зошто Град Скопје ги крие имињата на добитниците на вкупно 220.000 евра за култура?

April 12, 2022 21:00
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Град Скопје оваа година сеуште не ја објавува листата на поддржани проекти од областа на културата за 2022.

Учесниците на конкурсот се известени за резултатите дел од нив – (особено одбиените веќе имаат свои реакции на социјалните медиуми), но имињата кој добил буџетски пари и за каков проект не се објавуваат јавно.

Досега, со години листата на поддржани проекти се објавуваше јавно и транспарентно на сајтот на Град Скопје, а информација со сите имиња се испраќаше и до медиумите. Дали се соочуваме со “независно” криење на информации од јавен интерес или се уште има време да ги објават резултатите ќе дознаеме во наредниот период.

Од Град Скопје се уште нема одговор на ова прашање кое веќе неколку дена ја тресе јавноста, бидејќи сепак станува збор за буџетски пари. За овој повик во буџетот се предвидени 220.000 евра.

Јавниот повик за поддршка на проекти од областа на културата беше објавен на 7 октомври лани и во огласот стоеше дека трае 30 календарски денови, односно до 5 ноември.

„Резултатите од јавниот повик ќе бидат објавени на официјалниот веб портал на Град Скопје со решение за финансирање на програми и проекти од областа на културатаво интерес на Град Скопје за 2022“

Членот 7 во Јавниот повик е наведено дека Град Скопје и Арсовска имаат обврска јавно да ги објават.

Оттогаш се поминати 5 месеци, а градоначалничката Данела Арсовска и Град Скопје уште не ги објавува имињата.

Минатата недела шокантно беше што од страна на Tiiit! Inc дознавме дека фестивалот “Прво па Женско” еден и единствен од ваков тип е одбиен од страна на Град Скопје без никакво образложение.

 

На социјалните медиуми деновиве реагираат десетици здруженија, правни и физички лица кои аплицирале, деновиве реагираа дека само формално преку електронска пошта биле известени дека не добиле средства и сите имаат само едно прашање: “Дали ќе излезе листата на прифатените проекти за 2022-ра година?

Ненад Стевовиќ, издавачка куќа Или-Или

Зошто Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска ги кријат и сеуште не ги објавуваат прифатените проекти – никој не знае, но едно со сигурност се знае а тоа е дека јавноста очекува Град Скопје во најбрз можен период да го исполни членот 7 од Јавниот повик и транспарентно да и соопшти на јавноста што ќе може да гледа и во какви културни манифестации ќе ужива оваа година.

 

В.К

 

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Започнува процесот за креирање на нова Национална стратегија на лицата со попреченост

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk