ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Високата корупција е најголем проблем, треба да се работи мултиресорски

April 12, 2022 20:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

МВР во секој момент презема активности по наредба на Јавното обвинителство, без разлика за кого станува збор, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со приведувањето на генералниот секретар во Владата Мухамед Зеќири, осомничен за злоупотреба во тендерска постапка заедно со двајца хрватски државјани, информира МИА.

– Овој случај го работеше Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал. Се работеше повеќе време, сѐ додека се прибават доказите, секако по проценка на ЈО кога сметале дека имале доволно докази односно  аргументи за да се покрене овој сомнеж, тоа се реализираше, рече Спасовски во гостување на ТВ Телма.

Истакна дека високата корупција е најголемиот проблем во земјава, но таа е, рече, еден сегмент од корупцијата.

-За секое општество е поразително кога луѓе што се на јавни функции и кои треба да им служат на граѓаните учествуваат или се осомничени за коруптивни дејствија,  рече Спасовски.

Според министерот, максимално се зголемени напорите во спречување на корупцијата и криминалот од сите органи на спроведување на законот – Јавното обвинителство, МВР, Финансовата полиција.

Соопшти дека во 2021 година ефикасноста односно откривачката функција на државата против корупцијата била зголемена за речиси 50 проценти.

-Во 2020 година имаме 177 откриени кривични дела во делот на корупцијата, во 2021 имаме 114 кривични дела. Материјалната  штета е околу 97,3 милиони денари во 2021 година. Ова говори дека многу треба да се работи мултиресорски и на јакнењето на јавната свест, во делот на пријавување на корупцијата која не смее да стане начин на живот, рече министерот за внатрешни работи.

Next Post

Зошто Град Скопје ги крие имињата на добитниците на вкупно 220.000 евра за култура?

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk