„Најдобар проект ви е овој новиот ‘Плацеви на Водно’, таму велите во тој дел со СДСМ сме биле далеку од ЕУ, а со ВМРО – ДПМНЕ за џабалк се земаа плацеви на Водно кој до ден денес не можат да се добројат колкав ви е имотот и на чие име од вашите функционери. Ако сме со СДСМ според вас далеку од ЕУ, со ВМРО -ДПМНЕ сме блиску до црната листа на САД“ рече вицепремиерот Бојан Маричиќ во дискусијата со Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.
Маричиќ додаде дека дека тоа е наследството на ВМРО-ДПМНЕ и дека поради тоа граѓаните ги казнија и ќе ги казнуваат на избори.
„Немојте да ни кажувате за барокната Влада, објаснете ни за белиот дворец којшто е најскапо седиште на некоја партија во Европа, од каде ви е и како го стекнавте“ рече Маричиќ.
Вицепремиерот додаде дека во времето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ земјата беше окарактеризирана како „заробена држава“ и дека сите извештаи беа специјално правени за владата и начинот на владеење на Груевски.
Д. Е.





