ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„На тенок мраз“ изложба на карикатури од Лазо Плавевски во МСУ – Скопје

April 14, 2022 12:31
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На 16 април (сабота) во 12 часот на пладне ќе биде отворена изложба на карикатури од Лазо Плавевски во Музејот на современата уметност – Скопје.

Куратор на поставката е Љиљана Неделковска.

Лазо Плавевски припаѓа на генерацијата карикатуристи која на културната сцена во нашата земја се појави во 70-те години.

„Изложбата  го прикажува творештвото на Плавевски настанато во последните седум години. Станува збор за карикатури коишто тој од 2015 година континуирано ги објавува на веб порталот „Окно“, а за чија реализација беше поттикнат од кризната состојба во којашто се најде нашата земја, како резултат на недемократските практики на владеење од страна на владејачките структури (незаконско прислушување, Скопје 2014, изборни манипулации, партизација во сите сфери на општественото живеење). Во овој период објавени се над 500 карикатури (од првите четири карикатури објавени во март 2015, па се до последната серија од 16 карикатури На тенок мраз! објавена во јануари 2022), во коишто е претставена  м(р)ачната состојба во „македонскиот Темен Вилает“, но и м(р)ачната состојба во којашто се наоѓаме како резултат на суспендирањето на позитивните придобивки и утопистички претпоставки на модерната“, вели Неделковска.

Карикатурите се објавувани во серии и се осмислени како одредени тематски целини. Во нив тој ги коментира и сецира политичките и општествените случувања во земјава, покривајќи широк спектар теми, од скандалот со прислушувањето, популизмот, моќта, капиталот, идентитетот, револуционерниот елан, пандемијата, до серија „случки“ поврзани со одредени животни ситуации и парадокси.

Изложбата, на којашто ќе бидат презентирани околу 200 оригинални и дигитални принтови на карикатури, е извонредна прилика, не само да се согледа творечкиот ангажман на Лазо Плавевски во областа на карикатурата, во којашто тој зазема истакнато и значајно место, туку и да се поттикне и обнови интересот за овој уметнички медиум којшто во последниве децении е речиси доведен до работ на сопственото исчезнување.

На отворањето ќе биде презентиран и каталогот за изложбата  што е составен дел на проектот.

Лазо Плавевски (Скопје, 1954) e карикатурист, историчар на уметноста, куратор, ликовен критичар. До 2021 година работи како кустос/ кустос советник во Музејот на град Скопје. Како куратор има организирано голем број самостојни и групни изложби, а како карикатурист реализирал неколку  самостојни проекти и  учество на повеќе групни изложби.  Од 1995 до 2009 е редовен соработник и член на редакцијата на списанието за визуелни уметности „Големото стакло“, издание на Музејот на современата уметност- Скопје.

Карикатури објавува од 1970 година во повеќе списанија во земјава и странство. Во 1976 година ја добива наградата GRAND PRIX на Светската галерија на карикатури во Скопје.

Во 1995 година ја објавува „Нема книга / карикатури 1990 – 1993“,  а во 2001 година, заедно со Мирослав Грчев, книгата „Картички“.  Во форма на каталог/книга во 2009 година публикуван е проектот „Неупотребливи белешки“, а во 2016 година на порталот Окно е објавена неговата електронска книга „Речитатив за Tемниот Вилает“.

 

Next Post

Министерството за одбрана на Руската Федерација потврди дека крстосувачот „Москва“ е сериозно оштетен

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик и семејството извадени од американската црна листа

October 29, 2025
ФФМ. Фото: Б. Јордановска

Доживотна суспензија за двајца фудбалери на Беса Слупчане и суспензија од 10 натпревари за теренот

October 29, 2025
Фото: Народен театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Во прилепскиот театар се подготвуваат претставите „Црнила“ и „Ловец во р’жта“

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk