Огласи за слободни работни места за “копирајтери“ – автори на патриотски текстови“ се појавуваат на страниците за барање работа: на “Avito“ тие се појавуваат, а потоа исчезнуваат а комуникацијата се нуди преку WhatsApp, пишува Sobkorr.
Понудите за работа велат дека ќе треба да се раскажува за “големината на земјата, херојството на војниците кои загинаа во „специјалната операција“ како и да се користат хаштагови со Z и V.
Како пример за добар текст се наведува коментарот под објавата на познатиот пеач Николај Басков за поддршка на војната во Украина.
Како што напиша Телеграм каналот „Острожно Собчак“, тие ветуваат дека се плаќа по 1.800 рубли за текст, кој мора да содржи најмалку 2.500 знаци. Плаќањето е ветено по пишувањето на „текстовите“. Регрутерите не кажуваат во кои медиуми ќе бидат поставени таквите текстови.
Превод: Жорж Димовски