Москва ја предупреди Америка дека може да има „непредвидливи последици“ доколку Вашингтон и неговите сојузници продолжат да испраќаат оружје во Украина. Ова го објави Вашингтон пост, повикувајќи се на руски дипломатски извор во САД.
„Ги повикуваме САД и нивните сојузници да престанат со неодговорната милитаризација на Украина, што подразбира непредвидливи последици за регионалната и меѓународната безбедност“, изјави руски дипломатски извор.
Досега, Соединетите Американски Држави испратија или ветија дека ќе испратат 1,7 милијарди долари воена и друга помош за Украина. На почетокот на овој месец, за Украина беа одобрени противтенковски ракети Џавелин во вредност од 100 милиони долари./МИА/