Владата и претседателството на СОНК, придружено со претставници на дел од регионалните одбори на синдикатот во текот на претстојниот викенд остануваат во комуникација за да се најде взаемно прифатливо и достоинствено решение за одредено зголемување на платите во образованието и предучилишното воспитување и згрижување, информираат владините служби.
На состанокот во Владата дополнително се разговараше веднаш да започне сеопфатен дијалог, со активно учество на синдикатот, за трајно решавање на континуираниот раст на платите.
Владата, истакна на состанокот премиерот Димитар Ковачевски, е отворена за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства и со кој ќе се обезбеди модел за раст на платите во јавниот сектор, кој како со договорот за минималната плата, ќе се врзе за порастот на просечната плата и со порастот на трошоците за живот.