ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ КОМЕНТАРИ

Дали Мијалков ќе остане подолго во затвор или на црната листа?

April 15, 2022 13:20
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Сашо Мијалков. Снимка од екран од ТВ21.мк

Сашо Мијалков. Снимка од екран од ТВ21.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Дали апелационите судии, кои подолго од месец дена не можат да ја донесат пресудата во досието „Таргет – Тврдина“, кое се однесува на незаконското прислушување, можат да ја сфатат сериозноста на Стејт департментот кога имињата на Никола Груевски и Сашо Мијалков ги става на црна листа и директно ги посочува за криминално – коруптивни политичари, кои државните и партиските позиции ги користеле за лични интереси.

Зошто апелациските судии би ги интересирала американската квалификација за озлогласените Груевски и Мијалков? Затоа што тврдењата кои ги изнесуваат САД со црната листа се во тесна сличност со кривичните дела за кои им се суди на двајцата. Затоа кога администрацијата на Џо Бајден говори за местени избори и за криминал со државни и партиски пари, како да мисли и на делата на Груевски и на Мијалков кои се содржани во доказите на Јавното обвинителство кои ги користи пред судот во намера да докаже нивна вина и да извлече затворски казни.

Дополнувањето на црната листа со Груевски и со Мијалков се поклопува со периодот кога токму во Апелациониот суд во Скопје се носат одлуките за двата предмета во кои Мијалков е осуден со првостепена пресуда. Главниот предмет за масовното прислушување „Таргет – тврдина“, од чија јавна седница поминаа повеќе од 40 дена, и досието „Трезор“ за криминална набавка на опрема за прислушување, чија седница ќе се одржи за неколку денови, а кои на Мијалков му донесоа првични 20 години затвор, или 12 со 8, се  тест за второстепениот суд, дали ќе ја потврди одговорноста за прислушувањето.

Пред месец и половина во телевизиско интервју, американската амбасадорка Кејт Брнс ги коментираше предметите отворени од СЈО, меѓу кои се и оние на Груевски и Мијалков, дека мора да имаат итна завршница. Во тој период, или поточно на 7 март скопска апелација закажа јавна седница за предметот “Таргет – тврдина“, но повикот на Брнс за итност има основа затоа што беше измината цела година по објавата на првостепената пресуда, а да се одолговлекува толку време ваков сериозен предмет е несериозно.

Истото се случува и со предметот „Трезор“, осудени се неколкумина предводени од Мијалков пред цела година, а седница во апелација се уште не е одржана. Колку и да се обемни овие предмети сепак една година е навистина долг период, особено кога станува збор за суштински предмети за владеење на правото. Затоа американката повикува на итност во постапувањето. А итноста, која сега како да ја „буди“ и црната листа, подразбира и поодлучно и побрзо постапување на повисоките судии.

Во случајов брзината и ефикасноста не е одлика на судиите во апелација затоа што изминаа 40 дена од апелациската седница за „Таргет – тврдина“ и тоа се смета како долго време за носење одлука која со право јавноста ја очекуваше многу побрзо. Сега не е исклучен муабетот низ судските ходници  дека судиите се „притиснати“ и од јавната опомена на САД дека Мијалков е обележан како несигурен, како опасен, како непријател на Америка. Ако го прашате Мијалков дали црната листа има врска со неговите пресуди, тој сигурно ќе ви одговори потврдно, затоа што барем за себе сака да си најде оправдување дека нема вина за прислушувањето и криминалот, иако спротивната, поверодостојната верзија за случаите, укажува дека на сите им се јасно кој и зошто прислушувал и кој и зошто купувал опрема. Само уште судот да ја објави едната, а по седницата за „Трезор“ и другата пресуда. Тие пресуди може да го однесат во затвор на подолго, ама не подолго од времето колку што ќе остане на црната листа.

Д. Е.

Next Post
Фото: BBC

Украина: Силно гранатирање во Доњецк

Shortcut

Најново

Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

А бе стока народ сме!

October 2, 2026

Руска пропагандна мрежа под удар на АНБ: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk