ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

За најголем дел од граѓаните, Србија е нашата најпријателска земја, на второ место e САД

April 15, 2022 16:02
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Најголемиoт дел од граѓаните сметаат дека најголем пријател на Северна Македонија е Србија. За речиси 39 отсто од испитаниците, Србија е прв избор на пријателство, што е повеќе од двојно повеќе од довербата на втората земја на листата – САД со 17 отсто. Интересен е падот на Европската Унија, за која оваа година, споредено со 2020 се изјасниле само 8 отсто.

До овие сознанија дошла Опсерваторијата на имиџот и влијанието на државите е постојан проект на Институтот ПРЕСПА, преку анкета спроведена на репрезентативен примерок на национално ниво од 1.002 полнолетни испитаници, спроведена во периодот од 10 јануари до 23 јануари 2022.

Првите две земји, Србија и САД, доминираат кај сите демографски групи и кај сите главни прашања. Ако се анализираат односите со соседите, тогаш за мнозинството наши граѓани државава има многу добри или добри политички и економски односи. Притоа, за нијанса подобро се оценети економските односи, споредено со политичките.

Ако се бара најголемиот пријател, тогаш и кај соседите Србија е на врвот, додека последен избор е Бугарија. Помеѓу нив следуваат Албанија, Косово и Грција. Притоа, појаснувањата се врзуваат со политичките спорови од актуелниот период, но и од минатото, етничката недоверба или блискост, како и пандемијата, постпандемиската економска криза и актуелната инвазија на Украина.

Во однос на економското присуство, подиумот за 2020 година го сочинуваат: 1. Турција; 2. Обединетото Кралство; и 3. Германија. Притоа, Обединетото Кралство прави скок од дури седум места.

Во однос на политичкото присуство, за 2020 година, редоследот е следниот 1. Германија; 2. Полска; и 3. Унгарија. Притоа, двете највисоко рангирани држави прават сериозен скок за да го окупираат врвот. Германија бележи скок од 5 позиции, додека Полска прави скок од 9 позиции.

Во однос на мекото присуство, подиумот за 2020 година го сочинуваат: 1. Турција; 2. САД; и 3. Бугарија.

Државите кои се традиционално на врвот, покрај соседна Србија се Германија, САД и Турција.

Од друга страна, најблиските случувања од политичката криза на масовното прислушување и „бомбите“ биле искористени за значително засилување на присуството на Руската Федерација, како и минимално подобрување на позициите на Кина и уште неколку други малигни актери. Соодветно, како одговор на политичката криза и демократското опоравување на државата се бележи промена во присуството и засилено присуство на нашите западни партнери, во овој случај на Обединетото Кралство и Холандија.

Извор: МЕТА

Next Post

Британски историчар за потонувањето на воениот брод „Москва“: Ова не и се случило на Русија од 1941 година

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk