ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски од Кавадарци: Заедно со лозарите и винариите креираме нов ефикасен и применлив закон за вино

April 18, 2022 22:41
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вечерва во Општина Кавадарци, се одржа состанок на кој присуствуваа претставници од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, градоначалниците на општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија,  претставници на здруженијата на лозари и претставници на винарии.

На состанокот се разговараше за сите предизвици со кои се соочуваат лозарите и винската индустрија. Овој состанок се одржува многу порано пред почеток на сезоната, со цел однапред да се предвиди производството, количините, откупот и цената.

Се разговараше и за новиот закон за вино кој е во подготовка. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство   во   изминатиот   период   работи  на  нов   Закон   за   вино   со   кој системот на користење на ознаките на вина ќе се прилагоди со законодавството на   ЕУ   што   всушност   значи   дека   ќе   се  зајакне   улогата   на   здруженијата   на производители на вино и грозје во делот на контролата на квалитетот на виното преку делегирање на надлежностите  за користење  на ознаките  за   квалитет на виното, од  министерството на  тие здруженија.

„Како министерство докажавме дека сме на страната на лозарите. Дадовме збор дека ќе го решиме проблемот со Повардарие и тоа го решивме, денес нема стари долгови кон лозарите од винариите. Сега се посветуваме на решавање и на другите прашања за лозарите преку законот за вино заеднички ќе работиме да ги решиме сите прашања. Овој закон заедно ќе го подготвуваме со двете страни и со производителите и со винариите, со цел да имаме ефикасен и применлив закон. “ – изјави Николовски.

Со новиот Закон за вино, се очекува да се зголеми сигурноста на производителите на грозје во однос на пласманот и цената на произведеното грозје преку пропишување на услови за задолжително вклучување на производителите на грозје во голем обем при регистрацијата на лицата кои ќе имаат делегирана надлежност.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство при изготвувањето на новиот закон ќе ги вклучи сите засегнати страни со цел да се креира закон кој ќе биде применлив во пракса и во интерес на сите.

Производството на грозје во последните 10 години е релативно стабилно, со просечно производство од околу 270 илјади тони на годишно ниво.

Владата силно го поддржува овој сектор за што во 2020 година преку ковид пакетот исплатени се 5,5 милиони евра и уште 5 милиони евра за 2021. Ако на ова се додаде и исплатата на субвенциите од околу 10 милиони евра за 2020 и 10 милиони за 2021 година, тоа значи дека годишно на лозарите во 2020 им се исплатени вкупно 15 ,5 милиони евра а во 2021  испалтени се 15 милиони евра.

А пак за поддршка на винската индустрија која исто така е поддржана преку ковид пакет, во 2020 година исплатени се над 1 милион евра. Виното е еден од најважните  стратешки производи за земјата, односно производството на вино заедно со лозарството придонесува со 17% -20% од бруто земјоделскиот производ. Покрај тоа, виното е на прво место според извозот на алкохолни пијалоци, а вториот најважен производ, после тутунот во однос на извозната вредност на земјоделските производи.

Министерството останува отворено за соработка со сите и секогаш носи одлуки во заеднички договор со земјоделците и во интерес на агросекторот.

 

 

Next Post

Од денеска нов ковид-протокол во Собранието

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk