ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Каков контраст!

Самитот на „Економист“ уште еднаш покажа во каква кочина живеевме 11 години. Навистина, каков остар контраст! До вчера имавме претседател што се појавуваше на интервјуа со гримаса што му го изобличуваше лицето, заканувајќи ѝ се на Германија и на Европа. Имавме премиер што им се закануваше со клоци на високи европски претставници и го испраќаше американскиот амбасадор дома. Имавме претседателка на собраниска комисија за односи меѓу заедниците што повикуваше на „ноќ на долгите ножеви“... Градоначалник што ќе го поправаше часовникот на Музејот на Град Скопје (железничка станица пред Земјотресот)... Ајде да го задржиме доброто расположение, па да не набројуваме повеќе.

October 2, 2019 10:50
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Слушам дека еден поранешен министер за финансии и универзитетски професор, кого долго го немаше, а сега е високо во хиерархијата на една десничарска партија, бил поканет на Самитот на „Економист“ во Скопје. Од тоа што дознавам, само тој ја претставувал партијата официјално, додека другите, претседателот и неговите аѓутанти, присуствувале на Самитот маскирани во келнери и технички персонал.

Екс-министерот, според некои злобни озборувања, одел од учесник до учесник и, ако му се видело важно името и звањето на беџовите на учесниците, им приоѓал и ги убедувал дека домаќин на настанот е лице осудувано во времето кога неговата партија била на власт и дека е диктатор. Кога наишол на потсмев, тој го употребил „најжестокиот аргумент“ а тоа е дека оваа влада ја покачува минималната плата и сака да им враќа ДДВ на обичните луѓе! Ги убедувал дека тоа ќе биде погубно за економијата на земјата, дека тоа е расфрлање со парите на државата и дека, еднаш собраните пари од граѓаните, никако не смее да се враќаат. Тука, за момент, предизвикувал внимание, но веднаш потоа продолжувале да му се смеат. Тогаш, тој се пикнал во еден од тоалетите и му испратил шифрирана порака на претседателот на партијата.

Експертите за дешифрирање откриваат дека екс-министерот во пораката изразил сомнеж дека во вентилацијата на хотелот бил пуштен алуминиум и дека сите биле како хипнотизирани од премиерот. Во пораката побарал и насоки за понатамошно дејствување. Претседателот на партијата му одговорил дека чека насоки од препочесниот во Будимпешта.

Според извори од разузнавачките кругови, кои ја пресретнале и комуникацијата од Будимпешта, насоката била сите да се повлечат од позициите, за да не ги фати дејството од алуминиумот, па така да остане сам, таму в туѓина. Инаку, планот бил да им се истури по една чаша кисела вода во скутовите на гостите што седеле со премиерот во првиот ред.

„Следниот пат, со гас маски во акција!“ – гласи последната порака од Будимпешта која е забележана на маргините од безбедносните мерки на овој спектакуларно важен и голем настан на светски познатиот „Економист“. Му ѕвонеле и на поранешниот коалициски партнер, но извори блиски до неговиот тросед јавуваат дека тој цврсто спиел од зголемената доза седативи, затоа што близината на ЕУ му предизвикува голем немир.

*

Кога имате еден настан во кој гледате дека светски познати авторитети, искрено и без заобиколување ѝ даваат таква поддршка на земјата во која живеете, немате што многу да коментирате. Затоа, можете, еве, да направите козерија од некои странични детали, од ликови што упорно, невротично и мазохистички, остануваат на маргините на сѐ што е важно во земјата за која лажат дека ја сакаат повеќе од сопствениот живот. Секако не повеќе од својата банкарска сметка.

Самитот на „Економист“ уште еднаш покажа во каква кочина живеевме 11 години. Навистина, каков остар контраст! До вчера имавме претседател што се појавуваше на интервјуа со гримаса што му го изобличуваше лицето, заканувајќи ѝ се на Германија и на Европа. Имавме премиер што им се закануваше со клоци на високи европски претставници и го испраќаше американскиот амбасадор дома. Имавме претседателка на собраниска комисија за односи меѓу заедниците што повикуваше на „ноќ на долгите ножеви“… Градоначалник што ќе го поправаше часовникот на Музејот на Град Скопје (железничка станица пред Земјотресот)… Ајде да го задржиме доброто расположение, па да не набројуваме повеќе.

И по овој самит на 450 луѓе од политиката и бизнисот од светот и од регионот, по сите прегратки и насмевки, по сите пораки, говори и анализи што ги видовме и слушнавме… што да каже човек? Да не говориме за тоа што се случи и во германскиот Бундестаг четири дена пред тоа.

Што да каже човек на искрениот пријател со широка насмевка, Алексис? Хируршки прецизните анализи и пораки на Вес Мичел, јасната поддршка од Потпретседателот на Европскиот парламент Димитриос Пападимулис, Поранешниот претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц, американската амбасадорка и сите други гости на Северна Македонија, важни луѓе во светската и европската политика и економија…

Сето тоа е повеќе од јасен сигнал дека треба да се подготвуваме за едно поинакво финале од тоа што го гледавме во децениите зад нас. Ако датумот не го добиеме, овој пат тоа навистина ќе биде на совеста на Европска Унија. Ситно броиме.

 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Анчелоти пред „Ел Класико“: Не би рекол дека Барселона е фаворит

May 11, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Студентите во блокада во Србија бараат распишување избори до средината на мај, во спротивно радикализација

May 11, 2025
Генерирано со ВИ

Индија и Пакистан упатија меѓусебни обвинувања за кршење на прекинот на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk