ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата и ССМ го започнаа социјалниот дијалог за нов општ колективен договор со вклучено покачување на платите од 2.806 денари за сите во јавниот сектор

April 21, 2022 18:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа првиот состанок на работната група за креирање на нов општ колективен договор во јавниот сектор, како резултат од заклучокот од последната Владина седница, според кој за оваа иницијатива беа задолжени заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, кој на состанокот беше претставен од заменик-министерот Филип Николоски, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчовска, министерот за  информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот за образование и наука, Јетон Шакири.

На состанокот со репрезентативниот синдикат за постигнување на нов општ колективен договор за јавниот сектор, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) претставен од претседателот Дарко Димовски беше утврдена рамката на преговорите која во оваа фаза го опфаќа усогласувањето на платите за линеарно зголемување за 2.806 денари нето (или 4.333 денари бруто) за сите во јавниот сектор.

Втора точка во рамката за преговори за новиот општ колективен договор е враќањето на регресот за годишен одмор (К-15) за целиот јавен сектор во 2023 година.

На денешниот состанок партнерите на социјалниот дијалог се договорија во новиот општ колективен договор да се вклучи и утврдување на нова методологија за пресметка на платите со која ќе се обезбеди редовна корекција на платите според критериуми кои дополнително треба да бидат утврдени.

Владата и ССМ денеска се договорија за максимална вклученост на синдикалната организација во процесот за реформи во јавниот сектор кој опфаќа оптимизација и рационализација, како и заедничко дизајнирање на нов закон за плати во јавниот сектор кој ќе треба да се применува од 1 јануари 2023 година.

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи на состанокот истакна дека оваа иницијатива на Владата е да се најде институционален начин за редовно усогласување на платите во јавниот сектор низ социјален дијалог од кој, како во случајот со минималната плата и пензиите, донесе резултат кој беше оценет како историски и кој ќе се однесува на сите 133.700 вработени во јавниот сектор.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Зеленски: На Русите им ги понудивме сите опции за Мариупол, тие се уште не ни одговорија

НАЈНОВО

ВИ

„Чет-ГПТ“ најавува содржина за возрасни: Ќе дозволи и еротика за верификувани корисници

October 15, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп предлага САД да го забранат увозот на кинеско масло за готвење

October 15, 2025

Кусакатска: Митески нека одговори, каде се ветените 100.000 квадратни метри ново зеленило во Аеродром?

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk