Авиопревозниците треба да ги проценат ризиците и ограничувањата поврзани со дефекти на навигациските инструменти, пишува Gazeta.
Руската Федерална агенција за воздушен транспорт (Росавијација) препорача руските авиокомпании да се подготват за можно исклучување на GPS системот.
Вакво писмо шефот на Росавијација Дмитриј Јадров испратил до генералниот директор на државната корпорација за воздушен сообраќај Игор Мојсеенко и раководителите на меѓурегионалните територијални оддели на агенцијата, кои го препратиле до раководството на авиокомпанијата, пишува рускиот весник „Известија“.
„Авиопревозниците треба да ги проценат ризиците и ограничувањата поврзани со дефекти на навигациските инструменти и воздушните системи, како и да ги обучат летачките екипажи за случај на дефекти во системите за сателитска навигација. Ова се должи на можното исклучување на американскиот глобален навигациски сателитски систем (GPS) и „заглавување“ на GPS сигнали и хакерски напади за време на летовите во регионот Калининград, над Црното Море, источно од Финска и Медитеранот“, се вели во извештајот.
Извршниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, веќе изјави дека руската агенција во петок ќе испрати предлози до Министерството за транспорт и Росавијација за замена на GPS опремата со ГЛОНАСС, рускиот аналог за сателитска навигација.
Русија се обидува да го исклучи GPS во Украина, чии податоци се користат за навигација, мапирање и други цели.
Соединетите Американски Држави соопштија дека Русија сè уште хакерски не ги нападнала американските GPS сателити во орбитата, но американските вселенски сили ќе го надгледуваат тоа. Се известува и дека Русија го блокирала GPS системот што го користат цивилните авиони на границата со Финска.
Превод: Жорж Димовски