Огнот во градот е видлив од далеку. Ова е трет пожар од големи размери во Русија за два дена.
Во градот Корољов во близина на Москва, кој се нарекува „руска вселенска престолнина“, избувна пожар од големи размери – може да се види речиси сите делови на градот. Во исто време, надлежните не даваат никакви информации што точно се запалило.
Видео од пожарот се појави на локалниот канал Телеграм.
Долго време по почетокот на пожарот, локалните власти молчеа за местото на пожарот, а потоа Центарот за безбедност и цивилна одбрана на Корољев соопшти дека „покривот на зграда во индустриската зона на Фрунзе е во оган.” Зградата се реновира при што избувна пожар.
Речиси веднаш од местото на пожарот се издигна црн чад, видлив од различни делови на рускиот град Корољев. Локалните жители масовно споделија видеа од пожарот на социјалните мрежи.
Треба да се напомене дека голем број руски претпријатија за вселенска и ракетна индустрија се наоѓаат во Корољев. Конкретно, РКК “Eнергиа“ со име С. П. Корољев, корпорација „Тактички ракетни проектили“, “НПО мерна опрема“, Истражувачки институт за вселенски системи “А.А.Максимов“. Затоа градот е наречен „вселенска престолнина“.
превод: Жорж Димовски